Грешка по ставањето на филери во усните: Оваа Британка изгледа катастрофално! (фото)

Британка која се напила алкохол само неколку часа откако добила филери за усни, била шокирана кога лицето ѝ станало страшно отечено.

Морган Проудлок се обидела да ги зголеми усните со вбризгување хијалуронска киселина, еден вид филер за усни, но откако ја поминала процедурата, таа излегла на неколку пијачки со пријателите за кои набрзо зажалила.

Како што објасни на TikTok, таа се разбудила следното утро и била шокирана кога открила дека нејзините усни, и областа околу нив, биле екстремно надуени и отечени.

Морган го нарече ова „најлошото нешто што некогаш го направила“.

„Пиев алкохол откако ставив филери за усни и вака се разбудив“, напиша таа во видеото, покажувајќи слика на која е со надуеното лице.

Најдобро е да избегнувате пиење алкохол или пушење 24 часа по инјекциите во усните.

Алкохолот може да дејствува како разредувач на крвта, што ја зголемува веројатноста за појава на модринки, воспаление и оток. Пиењето алкохол исто така може да дехидрира, а се препорачува да пиете многу вода откако ќе ставите филер за усни за кожата да остане хидрирана.

Во делот за коментари, Морган објасни дека нејзината несреќа се случила пред извесно време и оттогаш таа целосно оздравела. Сега изгледа вака

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.