Топ 5 парфеми за температури над 35 степени: Цел ден мирисаат свежо и неодоливо

Шират бран на свежина

Овие парфеми траат цел ден и се шират околу вас како облак на свежина

Топлите летните денови со температури од над 35 степени изискуваат поинаков парфем. Мирисите што се совршени во текот на зимата, налето се тешки и им пречат на многумина, дури и повеќе од мирисот на пот. Па затоа, во лета се одбираат свежи, цитрусни тонови кои суптилно се шират околу вас како бран на свежина.

Ви претставуваме 5 класици меѓу најубавите летни парфеми…

1. Maison Francis Kurkdjian Aqua Universalis


Овој луксузен мирис важи за еден од најдобрите за екстремно високите температури. Спојот на бергамот, лимон, бело цвеќе и мошус мириса чисто, свежо и ненаметливо, како мирис на свежо перен бел памук. Идеален е за на работа, градски прошетки и сите пригоди во кои сакате да изгледате и да мирисате дотерано без да претерате.

2. Acqua di Parma Colonia

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Acqua di Parma (@acquadiparma)


Италијански класик кој со децении не излегува од мода. Се отвора со свежи цитрусни ноти, а потоа се развива во елегантна комбинација на лаванда, рузмарин и ветивер. На високи температури останува префинет и лесен, поради што е совршен избор за летни патувања и деловни состаноци.

3. Hermès Un Jardin sur le Nil

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia (@perfumestreak)


Инспириран од градините покрај Нил, овој мирис спојува зелено манго, грејп, лотос и смоква во единствена освежителна композиција. Овошно-зелените ноти создаваат чувство на леснотија, а парфемот остава печат на природна свежина, дури и во најтоплите денови.

4. Jo Malone London Wood Sage & Sea Salt

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jo Malone London (@jomalonelondon)


Ако сакате мирис кои потсетуваат на море и летно ветре, овој парфем сигурно нема да ве разочара. Комбинацијата од морска сол, жалфија и амбрет не е ниту слатка ниту тешка, туку елегантна и прозрачна. Одличен избор за дневни, но и вечерни летни комбинации.

5. Louis Vuitton Afternoon Swim

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louis Vuitton (@louisvuitton)


Името на овој парфем совршено го опишува неговиот карактер. Доминираат сочен портокал, бергамот и мандарина кои предизвикуваат чувство на свежи како по капење во море. Енергичниот цитрусен мирис особено доаѓа до израз за време на големите горештини.

Како да го продолжите траењето на парфемот во лето?

На високи температури, парфемот побрзо се развива и испарува, затоа најдобро е да се нанесува умерено. Добар трик е да го испрскате на коса или облека (ако не остава дамки), каде мирисот ќе трае подолго отколку на загреана кожа. Исто така, во текот на летото вреди да се одберат тоалетни или колонски води со цитрусни и водени ноти, бидејќи даваат чувство на свежина, без тежината што обично ја имаат ориенталните или гурманските мириси.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе