„Русиот“ маникир на Бијонсе е стилот што сите ќе го копираме

Совршен избор за секоја пригода

Бијонсе неодамна објави нов албум и затоа е во очите на јавноста. Сепак, овој пат „русиот“ маникир на Бијонсе го привлече вниманието.

Ако не сте знаеле дека има рус-маникир, Бијонсе е тука да ни ја покаже нејзината брилијантност и зошто сите ние треба да го носиме. Музичката дива избра маникир со проѕирна нијанса на шампањ со микро-сјај. Сепак, тој го доби името рус со причина.

Ноктите блеснаа во видеото кое Бијонсе го објави на Инстаграм Видеото беше поставено на нејзината песна Sweet Honey Buckin. Нејзините нокти се долги, во облик на бадем и обоени со боја што на едно светло изгледа nude, a на друго како мраз благодарение на блескавата завршница.

Кога не ги движи рацете, овој маникир изгледа како неутрален маникир. Меѓутоа, кога ги поместува прстите, тие изгледаат стаклесто, иако кога ќе се зумира маникирот, се гледа дека не станува збор за хромиран прав.

Сличен маникир е во тренд меѓу многу други познати дами. Џенифер Лопез неодамна имаше сличен летен блескав изглед, со нејзините долги нокти во облик на бадем покриени со чиста неутрална боја со минимален сјај. Хејли Бејли, пак, ги обои нејзините кратки нокти со чиста розова боја.

Маникирот на Бијонсе одлично се совпадна со нејзините долги руси прамени, микс од потемни медни тонови во комбинација со побледи нијанси на русата боја. Маникирот одлично се вклопи со нејзиниот аутфит.

Шминкерот Армандо Кол на нејзините очи и’ нанел еднакво светкава сенка во боја на шампањ дефинирајќи и’ ги со нежни потези на темна линија на горните и долните капаци. Пејачката имаше руменило во нијанси на кајсија и хајлајтер и сјај за усни.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Што мислите вие за ова издание на поп-дивата?

Фото: Инстаграм, Emma McIntyre / Staff/GettyImagesEntertainment

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе