Парфемот зборува наместо вас: Науката откри дека мирисите го контролираат расположението!

Мирисите што ги будат емоциите

Студиите покажуваат дека мирисите активираат дури 75% од нашите емоции!

Купувањето нов парфем не е само шопинг од утеха — тоа е емоционален ритуал! Мирисите имаат моќ да го сменат вашето расположение, да го поттикнат серотонинот и да ви го вратат чувството на радост. Науката конечно потврди дека зад секое шишенце стои вистинска „емоционална формула“! Нашиот мозок ја памети секоја арома — од детството, од љубовите, од моментите кога сме биле најсреќни. Тоа не е случајност: чувството за мирис е директно поврзано со лимбичкиот систем, центарот на емоциите.

Според најновите студии, мирисите активираат дури 75% од нашите емоции! Кога ќе вдишете парфем што ве потсетува на нешто убаво, телото веднаш ослободува серотонин и ендорфин – хормоните на среќата. Но ако мирисот носи непријатно сеќавање, се активира кортизолот – хормонот на стресот. Затоа, не е важно само како мирисате, туку и како се чувствувате додека мирисате.

Тренд што стана ритуал: парфем пред спиење

На ТикТок, трендот „get unready with me“ создаде нова навика: парфем за спиење. Луѓето сè почесто го завршуваат денот со неколку капки од омилениот мирис – за смирување, убави соништа и чувство на интимен луксуз.

Парфемот не е само естетика. Тој е допир на душата – мирис што ве смирува, мотивира или потсетува дека заслужувате нежност и внимание, дури и кога никој не ве гледа.

Мирисот како терапија за душата

Психолозите тврдат: парфемите се лична терапија. Ако некој мирис ве потсетува на сакана личност или убаво место, тој станува ваш емотивен штит. Дури и не мора да биде скап бренд – важно е да го поврзете со момент што ви носи мир.
Покрај парфемите, пробајте и масла, лосиони или спрејови за тело – ефектот е исто магичен.

Следниот пат кога некој ќе ви рече: „Зошто ти треба уште еден парфем?“, насмевнете се. Затоа што парфемот не е луксуз – тој е дел од вашето расположение.

Новитети што мирисаат на луксуз и страст

💎 Tom Ford – Black Orchid Reserve Parfum
Темна, сензуална симфонија од тартуф, бергамот, црна орхидеја и чоколадо. Мирис што трае со часови – за жени и мажи што сакаат да остават впечаток.

🌼 Gucci – Flora Gorgeous Gardenia Intense EDP
Весела, разиграна и раскошна арома со гарденија, мандарина и сандалово дрво. За оние што сакаат мирис што ги потсетува на лето и слобода.

🍎 Givenchy – L’Interdit Le Parfum
„Забранетото овошје“ во шише: јаболка, круша, јасмин и ветивер создаваат мирис што не се заборава.

🌿 Acqua di Parma – Buongiorno
Свежина на италијанско утро со лимон, нане, лаванда и кедрово дрво. За почеток на денот со насмевка.

🌹 Guerlain – Rosa Verde EDT
Крцкава круша, роза и бел мошус – комбинација што буди чувство како прв летен скок во вода.

🌸 Chloé – Le Parfum
Современа роза со нота на ванила и цвет од портокал – топол и женствен мирис што ја поттикнува самодовербата.

💃 Love Chopard
Мирис на црвениот тепих – сладок, раскошен и заводлив, совршен за жени што сакаат внимание и сјај.

🌊 Versace Eau Fraiche Extreme
Мирис на свежина и страст – цитрус, ѓумбир и мошус создаваат динамичен, младешки впечаток.

Текст: Јелена Белимарковиќ

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе