Нова бјути линија на македонскиот пазар – „Natella Beauty“ го претставува својот прв производ против целулит, 100 процентен ефект!

THERMO GEL-от е антицелулитен гел со екстракт од црвено чили, кој дава силен термоген ефект на загревање на ткивото, стимулирање на лимфниот проток и дренажа, согорување на мастите и зајакнување на сврзното ткиво во и под кожата. CRYO GEL-от, пак, е иновативна формула со ефект на интензивно ладење која ја стимулира циркулацијата на крвта, ги елиминира и го спречува таложењето на мастите и дава моментален лифтинг ефект.

Целулитот и дебелината се сериозен проблем кај голем број на жени. Без разлика на причината, генетска предиспозиција, стареење и успорување на метаболизмот, хормонски промени или едноставно лош активен физички живот, и науката и праксата потврдуваат дека целулитот може да ги погоди сите независно од нивната возраст, начин на исхрана или физичка активност. Токму од оваа причина, а се со цел да им се помогне на сите припаднички на понежниот пол полесно да се изборат со овој проблем е формирана новата линија на производи за нега и убавина – Natella Beauty која ја потпишува Наташа Петровска, сопственичката на студиото за ремоделирање на тело „Фигурела“. 
„ После повеќе од 14 години активна работа со жени, што преку студиото за ремоделирање на тело- Фигурела, што преку Смарт солариум, после низа разговори со клиентки , барајќи се’ за да најдеме идеално решение за доведување на телото до посакуваната форма, дојдов до заклучок дека еден од клучните проблеми во целиот тој процес на ремоделирање дефинитивно е целулитот кој најтешко се отстранува.
И покрај тоа што во „Фигурела“ со вежбањето, како и со употребата на апаратот „Ендосфера“ до некаде успеавме да го решиме овој проблем, сепак бев свесна дека недостасува уште нешто за 100 – процентен исход , па така следејки ги светските трендови и иновации во индустријата за нега и убавина, формулиравме THERMO & CRYO GEL сет кој се состои од 2 препарати со комплементарно и синергистичко дејство. Ова е и прв производ од мојата линија кој се употребува заедно во комбинација“, откри Наташа.
Имено, THERMO GEL-от е антицелулитен гел со екстракт од црвено чили, кој дава силен термоген ефект на загревање на ткивото, стимулирање на лимфниот проток и дренажа, согорување на мастите и зајакнување на сврзното ткиво во и под кожата. CRYO GEL-от, пак, е иновативна формула со ефект на интензивно ладење која ја стимулира циркулацијата на крвта, ги елиминира и го спречува таложењето на мастите и дава моментален лифтинг ефект. Со третманот со Термо и Крио гелот се разбива целулитот, доаѓа до намалување на обемот и слабеење и се добива поцврста, поеластична и помазна кожа. Двата гела се употребуваат комплементарно еден по друг. Паралелно до овие два производи, работевме и на специјално одело за разбивање на целулотот, нешто што досега беше достапно само во ексклузивните центри за слабеење и убавина. Ова одело овозможува отварање на порите на кожата, брза пенетрација на активните состојки и драстично зголемување на термогениот ефект за неверојатни и јасно видливи резултати по секој третман.
Ова се први три производи од линијата „Natella Beauty“, наскоро ќе следуваат уште многу новитети, а во моментов производите од „Natella Beauty“ се достапни за продажба во просториите на „Фигурела“. Сите информации поврзани со линијата и геловите за целулит и оделото можете да ги добиете на @natellabeautymk. 
Наскоро следуваат уште многу новитети.. Бидете негувани, свои и посебни!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе