Научниците откриле на која возраст телото почнува нагло да старее: По 44-тата година сè почнува да се менува

Еве кога јасно се гледаат знаците на староста

Ново истражување покажува дека стареењето не е рамномерно, туку се случува на периоди

Долго се веруваше дека стареењето се случува полека и рамномерно, ден по ден, година за година. Но научници од Универзитетот Стенфорд откриле нешто што многумина ги изненадило – телото на старее постепено, туку во нагли скокови, и тоа точно во одредени години кои сега ни се познати.

Истражување што ја изненади јавноста

Тим научници од Медицинскиот факултет при Универзитетот Стенфорд, под водство на професорот Мајкл Снајдер, следеле повеќе од 135.000 биолошки показатели кај испитаници на различна возраст.

Резултатите објавени во списанието Nature Aging биле јасни – стареењето не личи на рамна линија. Личи на нагли скокови во точно одредени моменти, и дури 81 отсто од промените во организмот се случуваат според непредвидлива шема.

Првата опасна година: 44

Околу 44 година телото го прави првиот голем пресврт. Метаболизмот на мастите се менува, а кардиоваскуларниот систем почнува да ги покажува првите сериозни знаци на стареење. Многумина на оваа возраст забележуваат дека одеднаш потешко им е да ја одржат линијата, дека потешко поднесуваат кафе и алкохол за разлика од порано и дека оздравуваат побавно одошто се навикнати. Тоа не е само замор, туку телото нагло ја менува брзината.

Втората опасна година: 60

Вториот бран е уште поинтензивен. Околу 60-тата година, имунолошкиот систем и бубрезите почнуваат да работат под засилено оптоварување, што ги забрзува видливите знаци на стареење повеќе за разлика од порано. Она што претходно се чинело како ситница, сега станува сериозен сигнал што го испраќа телото.

Може ли да се забави тоа?

Може, но само ако знаете кога да реагирате. Научниците нагласуваат дека токму околу 44-тата година, повеќето луѓе живеат под најголем стрес и имаат најлоши навики во исхраната, што дополнително го забрзува тоа што и онака му се случува на телото. А по 60-тата година, квалитетот на сонот и физичката активност природно опаѓаат, што само го засилува вториот бран.

Телото не старее рамномерно и полека како што сме мислеле – старее во нагли скокови и токму затоа важно е да знаете кога да ги промените навиките – пред да го одлучи тоа телото наместо вас.

ФОТО: UNSPLASH

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе