Колку често треба да се туширате: Одговорот на овој експерт ќе ве изненади!

Што мислите вие?

Експерт открива колку често треба да се туширате

Откако Алисон од Бостон признала дека се тушира само еднаш до двапати неделно, предизвикала вистинска бура на социјалните мрежи. Додека едни ја поддржале и истакнале дека секојдневното капење е непотребно, други ја нападнале поради „занемарувањето на основната хигиена“.

Оваа 27-годишна девојка ги споделила своите навики во видео на ТикТок објаснувајќи дека се тушира исклучиво кога ја мие косата, што во нејзиниот случај е двапати неделно.

„Мислев дека тоа е нормално“

„Неодамна открив дека сум одвратно човечко суштество, бидејќи повеќе девојки, иако ја мијат косата двапати неделно, всушност се тушираат секој ден“, признала Алисон.

Додала и дека често се случува да поминат и по пет дена помеѓу туширањата.

„Ако веќе одам под туш, тогаш ја мијам и косата. Не разбирам зошто би се туширала без да ја измијам.“

На крајот, ги прашала своите следбеници: „Дали сум одвратна – да или не?“

@abmccarthy5757 Am I gross yes or no #washingmyhair #hairwashday #showerthoughts #fyp #viral ♬ original sound – Allison

Поделени коментари

Видеото набрзо станало вирално и собрало повеќе од 6 милиони прегледи и илјадници коментари.

Едни ја поддржале тврдејќи дека секојдневното туширање е претерано:

„Туширањето ми се чини како обврска“; „И јас го правам истото. Ако не сум валкана, не гледам потреба.“; „Туширањето е проклетството на моето постоење. Нема да го правам тоа повеќе од двапати неделно.“

Од друга страна, многумина реагирале со гадење и неверување:

„Не можам да издржам ни 24 часа без туширање!“; „Исусе, дали е ова реално?“; „Како спиеш со сите тие нечистотии?“

Дискусијата набрзо се претворила во расправија за границите на личната хигиена и навиките на модерниот човек.

Што велат експертите?

Инфектологот и експерт за лична хигиена, проф. Елејн Ларсон од Универзитетот Колумбија, тврди дека секојдневното туширање, всушност, не е неопходно, дури може и да биде штетно за кожата.

„Луѓето веруваат дека ќе бидат почисти ако се тушираат почесто. Меѓутоа, гледано од бактериолошка страна, тоа не е точно“, објаснила таа.

„Колку почесто се бањате толку поголема е шансата да ја нарушите природната заштита на кожата и да предизвикате иритации или инфекции. Со туширањето се отстранува заштитниот слој на маснотиите, па бактериите полесно продираат во кожата.“

Па, каде е границата?

Додека едни сметаат дека секојдневното туширање е основата на хигиената, други истакнуваат дека претераната чистота е модерна опсесија. Експертите порачуваат дека зачестеноста на туширањето би требало да се приспособи на климата, типот на кожа, нивото на физичка активност и личното чувство на свежина.

Вие на која страна сте?

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе