Има 64 години и тело на вистинска жена од крв и месо со сите недостатоци: Се соблече во минијатурни бикини и го „запали“ Инстаграм (ФОТО)

„Бев жешка роба, најбараната и најзгодна актерка.“

Шерон Стоун, која сега е во седмата деценија, позираше пред огледалото, фалејќи се со заводливата, сензуална фигура, која му пркоси на стареењето. Актерката се пофали со рамниот стомак и бујното деколте, а покрај фотографијата, кратко искоментира:

Зошто секогаш влегувам во форма кога летото ќе заврши?

Šeron Stoun

Славната 64-годишна актерка е слика и пример за женска самодоверба во овие минијатурни бикини, а внатрешната сексипилност едноставно извира од Шерон, иако на фотографијата нема ни трага од шминка и таа е целосно опуштена.

Многу сум благодарна за своето тело. Кога бев помлада, ми наоѓаа мани, ова или она не чинело. Сега почнав да сфаќам дека го претпочитам ставот на жените во Европа кои стануваат се’ поубави со годините и кои разбираат дека жените се поубави од девојчињата затоа што имаат зрелост и мудрост“, изјави таа за списанието Allure во 2019 година.

Холивудската заводница искрено раскажа низ какви финансиски проблеми поминувала по мозочниот удар и разводот со сопругот, кој ѝ го одзел старателството над децата.

Морав да земам хипотека на хипотеката на куќата. Изгубив се’, го изгубив местото во шоу-бизнисот. Ако не знаевте, јас бев најжешката, најбараната актерка, жешка роба. Во тоа време, принцезата Дијана и јас бевме неверојатно познати и популарни – а потоа таа умре и јас доживеав мозочен удар. Одеднаш и двете бевме заборавени“, изјави холивудската ѕвезда.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе