Еве како да препознаете дали на парфемот му поминал рокот на траење: Трик на познат француски парфимер

Колкав рок на траење има парфемот откако ќе го отвориме?

Промената на мирисот, бојата и реакцијата на кожата се клучните сигнали

Парфемите можат да траат со години, но ниту еден мирис не е вечен. Експертите од светот на парфимериите предупредуваат дека квалитетот на парфемот се менува со текот на времето, често незабележливо – сѐ додека разликата не стане очигледна.

Најважниот знак: промена на мирисот

Првиот и најточниот сигнал е самиот мирис. Кога парфемот оксидира, нотите се менуваат – свежината исчезнува, а може да се појави киселкаст или тежок, „застоен“ тон. Најпрво пропаѓаат цитрусните и лесните ноти, додека подлабоките, дрвенести можат да опстанат подолго.

Промена на бојата и текстурата

Ако забележите дека парфемот потемнел, станал матен или се појавил талог, тоа значи дека дошло до хемиски промени. Таквиот парфем веќе не е во својата оригинална состојба.

Реакција на кожата

Парфемот со поминат рок може да предизвика иритации или пецкање. Тоа е знак дека состојките веќе не се стабилни и треба да го одбегнувате.

Колку трае парфемот?

Во просек, парфемите траат 3 до 5 години по отворањето, но тоа зависи од составот и начинот на чување.

Како да препознаете дали на парфемот му поминал рокот: совет на познат француски парфимер

Познатиот француски парфимер Френсис Куркџијан, основач на куќата Маисон Франсис Куркџијан, дал многу практичен совет:

„Ако го чувате парфемот во бањата – веќе сте му го скратиле животот.“

Тој објаснил дека топлината, светлината и влагата се најголемите непријатели на парфемите, бидејќи ја забрзуваат оксидацијата и разградбата на мирисните молекули. Наместо тоа, препорачува да ги чувате на темно и суво место, идеално во оригиналната кутија.

Уште еден негов професионален трик:

„Ако не сте сигурни дали парфемот е расипан, попрскајте го на хартија (не на кожа). Ако мирисот веднаш ви се чини чуден или брзо се распадне, парфемот го изгубил квалитетот.“

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе