Фитнес-совети на Александар Дренковски
Александар Дренковски е основач на фитнес-студиото „Кинетикс“ и автор на книгата „Едно тело, илјада избори“. Својата експертиза од областа на фитнесот и исхраната, тој несебично ја споделува со своите следбеници на социјалните мрежи, каде што веќе извесно време објавува кратки видео-прирачници за правилно изведување на најчестите вежби. Во продолжение ви пренесуваме дел од нив…
Како правилно да правите reverse crunch?
1. Легни на стабилна површина или на земја;
2. Држи се со рацете за самата клупа или за некоја друга стабилна површина;
3. Потколеницата и коленото треба да бидат опуштени низ целото движење
4. Крени ја карлицата и доближи ја до ребрата;
5. Спушти го задникот во првична позиција без притоа да имаш движење во флексорите на колкот;
6. Почни да ја правиш вежбата на рамна површина и како што напредуваш труди се да ја зголемуваш косината на самата клупа.
View this post on Instagram
Како правилно да правите Side Bends?
1. Застани исправено држејќи тег во едната рака
2. Еднорачни тегови се подобри за вежбава
3. Замисли дека папокот ти е центар низ кој поминува една хоризонтална оска
4. Движењето смее да биде само од оската нагоре
5. Не е дозволено никакво движење во делот од телото под оската
6. Слободната рака ја позиционирам позади главата и го отварам лактот
7. Ова ми помага да не го ротирам телото при странично наведнување
8. Истегни ги стомачните најмногу што можеш при наведнување
9. Стегни ги стомачните на спротивната страна од тегот најцврсто што можеш
10. Таа контракција треба да те повлече и исправи
11. Стегни се толку силно што страничните мускули ќе го повлечат телото во обратна насока, односно спротивно од тегот
View this post on Instagram
Како правилно да правите Bicep Curls?
1. Фиксирај ја надлактицата покрај тело и држи ја статично;
2. Не дозволувај лактот да се движи нанапред или наназад при подигнување;
3. Крени ги теговите највисоко што можеш;
4. Спушти ги теговите контролирано се додека не ја исправиш раката целосно;
5. Рамената држи ги спуштени доле;
6. Стегни го стомакот за да нема никаков моментум од страна на телото;
7. Вдиши при спуштање, издиши при кревање.
View this post on Instagram
Следете го неговиот инстаграм-профил @alekdrenko и бидете во тек со неговите фитнес-совети и интересни сознанија од областа на здравјето и фитнесот.