Ви откриваме кои пет парфеми се дизајнирани да траат цела ноќ
Поради тоа што содржат олфакторни ноти кои евоцираат вечерни мигови, помеѓу свежината на џин-тоник, мирисот на тутун или кожената фотеља, овие парфеми ги опиваат сетилата со празнична атмосфера и оставаат постојана трага во текот на ноќта.
Парфимерите честопати црпат инспирација од примамливата атмосфера на забавите, клубовите, баровите и концертите. Како што вели мајсторот парфимер Доминик Рипон, одредени офлакторни ноти овозможуваат полесно да се претопиме со ведрото, весело расположение, бидејќи претставуваат еден вид бегство од реалноста.
„Цитрусите даваат свежина и енергија. Белото цвеќе има сензуална страна, која кани на лесен танц на вечерно излегување. Анималистичките ноти даваат уште поизразена сензуалност“, кажал тој.
Некои одбираат порадикален пристап: Килијан Хенеси своите креации ги пронижува со есенција на коњак или дестилиран џин, додека Оливије Пешо за „Диптик“ буквално го пренесува мирисот на џез клуб.
Од друга страна, L’Orchestre Parfum оживуваа емоции од концерт, поврзувајќи ја секоја мирисна нота со ексклузивна музичка композиција.
Ова се парфемите кои се научно дизајнирани да траат цела ноќ..
Libre, Yves Saint Laurent Beauty
Овој мирис ве поканува да нурнете во изобилие на лаванда и цвет од портокал, со акорди на шафран. Неговите медени и ванилести нијанси го осветлуваат блескавото дуо од бергамот и ѓумбир.
L’Interdit, Givenchy
Жестокиот акорд на црвен портокал е збогатен со формулата на мирисот L’Interdit, олицетворение на смелоста и ноќта, а резултатот е повеќе од возбудлив.
Roses on Ice, Kilian
Шишенцето, инспирирано од чашите за коктели, веднаш поставува одреден тон. Килијан Хенеси го преточува вкусот на џин тоник во парфем. Мешавината од кора од лимета, резанки од свежа краставица и раскошен акорд на роза има еднакво освежителен ефект како и голтката од овој алкохолен пијалак.
Mixed Emotions, Byredo
Не е сосема јасно дали Бен Горхам нашол инспирација за овој мирис од песната Mixed Emotions на Ролинг Стоунс. Но неговиот ефект е еднакво опоен: дезориентирачки ноти на мате чај, по малку наивна комбинација на листови од црна рибизла и темјанушка и ароматичен црн чај.
Orphéon, Diptyque
Ако ги затворите очите, во овој парфем ќе почувствувате мешавина на мирис на дрво, тутун, кармин и алкохол… Тоа навистина се мирисите на џез клуб, совршено доловени во овој парфем како омаж на Orpheon – легендарен бар во квартот Saint-Germain-des-Prés.
ФОТО: Пинтерест