Кејт Нолт е фитнес и велнес-тренерка, специјализирана за тренинзи за сила, мобилност и долговечност, приспособени за жени со повеќе од 40 години. Таа е основачка на програмата „Брзи 15 минути“ која се заснова на група вежби кои го покренуваат целото тело.
Самата Кејт смислила и мени кое се заснова на протеини и намирници што го детоксицираат телото и градат мускули. Денес ви ги откриваме нејзините 4 најважни вежби за покренување на целото тело и виталност.
Марширање во место

Застанете во место и високо кренете го коленото, па плеснете со рацете над подигнатото колено. Истото повторете го со другата нога, што значи дека ќе марширате во место наизменично подигнувајќи ја едната, па другата нога, додека истовремено ги ширите и собирате рацете.
Оваа вежба го затегнува целото тело, со фокус на стомачните мускули. Повторете ја вежбата 50 пати, па направете пауза од 15 секунди.
Потскокнувања

Опуштете го целото тело и потскокнувајте. Не брзајте, опуштете се и скокајте лежерно. Направете го тоа повеќе од 50 пати. Ќе се чувствувате како дете. Само ослободете се и скокајте. Направете пауза од 10 секунди, па преминете на друга вежба.
Нишање со рамениците

Застанете во расчекор поширок од колковите, свиткајте ги малку колената, наведнете се напред и нишајте ги рацете и рамениците, како да држите бебе и како да го нишкате нежно во полуседечка положба.
Замавнување со целото тело

Застанете во расчекор, па силно замавнете со рацете од доле до горе, наведнувајќи се наназад. Кога ќе ги кревате рацете високо горе, застанете на прсти и силно истегнете се наназад. Повторете ја вежбата околу 50 пати.
Погледнете како изгледаат сите вежби во видеото во продолжение…
ФОТО: Фејсбук