3 навики во туширањето кои ви ја уништуваат кожата, а не сте ни свесни за тоа

Еве зошто кожата не ви изгледа негувано

Дерматолозите со години предупредуваат дека најголемите оштетувања на кожата не се последица само на „јаките“ производи, туку и на малите грешки при туширањето што ја оштетуваат заштитната бариера

Дури и најобичното туширање може да ѝ биде непријател на кожата, ако правите некоја од овие 3 грешки.

Ако забележите затегнување, лупење или иритации, обрнете внимание на следниве работи, бидејќи тие може да се причината…

Предолгото туширање доведува до сушење, а не до опуштање

Водата над 38 степени почнува да ги топи липидите, природните масла кои ја прават кожата мека и отпорна. Кога тоа се случува секојдневно, бариерата се истанчува, ја губи влагата и ја развива онаа препознатлива комбинација на затегнатост и „рапаво“ чувство. Тогаш, кожата изгледа чисто, но реалноста е дека е измачена. Затоа, практикувајте пократко туширање и секогаш со млака вода.

Претерувате со гелови и миризливи производи

Геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават истото што и врелата вода – отстрануваат повеќе одошто е потребно. Доколку користите и ракавици за пилинг – тие дополнително поттикнуваат сушење и иритации на кожата. Секогаш одбирајте природни гелови, без интензивни мирис, за да ви биде кожата во баланс.

Не се хидрирате во првите 60 секунди

Најголемата тајна на мазната кожа не е во скапите лосиони, туку во добро погодениот момент. Многу е важно да нанесете производ за нега на телото во првите 60 секунди по туширањето. Токму тогаш кожата најбрзо губи влага, а прескокнувањето на хидрирањето овозможува испарувањето да направи повеќе штета одошто мислите.

Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата сè уште е малку влажна, се создава заштитен слој кој ја заробува водата и ја прави кожата мека цел ден. Дерматолозите тврдат дека ова е една од најбрзите навики што дава видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаено.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе