Откријте ги трите најубави женски арапски парфеми за лето, кои се освежителни и долготрајни, идеални за жешките денови
Летните парфеми често разочаруваат – брзо испаруваат на жештините, го губат интензитетот по неколку часа и едвај се задржуваат на кожата по капење во море. Но арапските парфеми последниве години ги освојуваат љубителите на мирис, токму поради својата долготрајност и богатите ноти кои не исчезнуваат дури ни на високи температури. Добрата вест е што меѓу нив има и многу пристапни опции кои мирисаат луксузно и траат цел ден.
Во продолжение, издвојуваме три женски арапски парфеми кои се совршен избор за лето – лесни се, освежителни, но и доволно постојани за да ве следат од утро до вечер.
1. Lattafa Yara

Lattafa Yara е еден од најпопуларните арапски парфеми меѓу жените кои сакаат нежни, но впечатливи мириси. Иако има блага слатка нота, во него се чувствуваат и свежи акорди, кои го прават идеален за топлите денови.
Мирисот се отвора со овошни ноти, додека во срцевината се развиваат кремливи и благи цветни тонови. Она што го издвојува е долготрајноста – се задржува на кожата со часови, дури и кога температурите надминуваат 30 степени.
2. Al Rehab Soft
View this post on Instagram
За оние кои не сакаат тешки парфеми, Al Rehab Soft е вистинско откритие. Овој мирис е нежен, малку пудрест, со примеси на цитруси и ванила, кои му даваат топлина без тежина.
Совршен е за секојдневно носење, за на работа или плажа. Неговата предност е што не гуши, а останува присутен на кожата и гардеробата многу подолго од класичните летни парфеми.
3. Ard Al Zaafaran Dirham Wardi
View this post on Instagram
Dirham Wardi е вистински избор за љубителките на цветни и освежителни мириси. Комбинира ноти на роза, цитруси и благи зачини, создавајќи елегантен и многу пријатен летен парфем.
Она што го прави посебен е балансот помеѓу свежината и трајноста – не е тежок, а се задржува на кожата и по целодневно носење, па дури и по изложување на сонце или вода.
Мал трик за уште подолга постојаност
Ако сакате парфемот да трае уште подолго, нанесете го на хидрирана кожа или на точките на пулсот – зглобовите, вратот и зад ушите. Така мирисот побавно ќе се ослободува и подолго ќе се задржи.
Арапските парфеми се доказ дека луксузот не мора да чини многу – доволно е да го пронајдете вистинскиот мирис кој ќе ве следи во текот на целото лето.
Зошто арапските парфеми се идеални за лето?
За разлика од многу западни парфеми, арапските мириси често имаат маслена база или поголема концентрација на мирисни компоненти, поради што побавно испаруваат. Токму затоа, подобро поднесуваат високи температури, влага, дури и контакт со вода.
Покрај тоа, пакувањата обично се економични, па можете да најдете квалитетен и долготраен парфем по значително пониска цената одошто би очекувале.
ФОТО: Freepik, Инстаграм