Не треба да трошите богатство на скапи кремови – јачменот е природен извор на колаген кој може да ја подмлади вашата кожа, да ги зајакне коските и да го подобри здравјето на цревата.
Оваа нутритивно богата житарка, често занемарена, содржи важни витамини (B, A, E) и влакна кои го подобруваат варењето. Јачменот е богат со лизин, аминокиселина која е клучна за синтезата на колагенот – градежен елемент на кожата, косата, ноктите и зглобовите. Затоа е одличен за зачувување на еластичноста на кожата и спречување на брчки.
Еден од наједноставните начини да уживате во јачменот е да подготвите каша од бисерен јачмен, кој се одликува со посебен сјај. Додајте го во исхраната и природно го подобрувате вашето здравје.
Состојки:
-
2 чаши лупен јачмен
-
4 чаши вода
-
6 чаши млеко
Приготвување:
-
Во сад со житарките ставете вода и оставете ги преку ноќ.
-
Следниот ден исплакнете и процедете, па житарките ставете ги во загреано млеко.
-
Оставете млекото да зоврие, а потоа поклопете го и гответе на тивка температура околу 1,5 час.