ПОДАРОК: La Roche Posay Cicaplast Balm B5 за 1 ЧИТАТЕЛКА

Пријавете се за подарок!

Овие и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи.

„Септима“ на една читателка ѝ подарува еден од најбараните кремови за нега La Roche Posay Cicaplast Balm B5.

Овој смирувачки балсам, кој повеќекратно ја обновува кожата, е посебно наменет за обнова на осетлива кожа по иритативен дерматитис и епидермални промени благодарение на формулата што комбинира пантенол 5% со мадекасозид во високо козметичка текстура. Погоден е за целото семејство: за бебиња, деца и за возрасни. Ја смирува сувата и иритирана кожа на возрасните, децата и на бебињата (испукана кожа, сува кожа која се лупи).

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во април.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе