Софистицираниот кармин „тофи нуд“ е омилениот избор за пролетта 2026 година, бидејќи нуди женственост и луксуз без претерување
Оваа пролет, трендовите за убавина ја слават природната убавина и топлите, нежни тонови кои му даваат на лицето софистициран и свеж изглед. Меѓу нив се издвојува еден апсолутен хит – „тофи нуд“ кармин за усни.
Инспириран од нијансите на карамела, кафе со млеко и кремливо тофи, овој кармин го освои светот на шминката и стана омилен избор на шминкерите, инфлуенсерите и познатите дами на црвениот килим.
За разлика од претходните сезони кога доминираа интензивни и драматични бои, пролетта 2026 носи посуптилен и поелегантен пристап во шминкањето. Акцентот е на блескавата кожа, природниот тен и шминката која изгледа луксузно, без претерување. Затоа, нијансата „тофи нуд“ (toffee nude) совршено ја следи естетиката на популарниот „софт глам“ изглед, тренд што ги спојува минимализмот, женственоста и ненаметливата елеганцијата.
@ivistefanovaa The lip liner!! and the gloss makes it 🔥 The trio is Toffee Nude @Rom&nd US #romandliptrio #toffeelip ♬ suara asli – 𝐗-𝐥𝐞𝐬𝐭𝐭.𖥔˚ – 𝟑𝟎𝟑 𝐗-𝐥𝐞𝐬𝐭𝐭.𖥔˚
Најпопуларната пролетна нијанса на кармин
Посебниот шарм на овој тренд се крие во неговата приспособливост. Топлите нуд тонови совршено му прилегаат на речиси секој тен, додека на усните им даваат природно пополн и поелегантен изглед, без пренагласен ефект.
Експертите за убавина оваа пролет најмногу ги комбинираат со бронзени образи, нежни кафени сенки и суптилен хајлајтер кој му дава здрав сјај на лицето. Така, добивате изглед кој зрачи со свежина, женственост и луксузна едноставност – совршен спој на природност и дискретен гламур. Особено популарна е комбинацијата на потемно кафено моливче и посветол кармин „тофи нуд“, бидејќи создава ефект на визуелно пополни усни и ја враќа естетиката од гламурозните 1990-тите на модерен начин.
Покрај со софистицираниот изглед, карминот toffee nude ја освои сцената и со својата практичност. Оваа нијанса совршено се вклопува во речиси сите стилови и модни комбинации, можете да ја носите цел ден и не бара постојано поправање. Токму затоа, овој кармин им стана омилениот избор на жените кои сакаат да изгледаат елегантно и негувано, без премногу труд.
ФОТО: Unsplash, TikTok