Меган Маркл се колне во оваа маскара: Ја има и кај нас, а чини помалку од 800 денари

Маскарата што ја користи Меган Маркл е достапна и дава одлични резултати – без да мора да потрошите цело богатство.

Уште пред да стане војвотка од Сасекс, Меган ретко можевме да ја видиме со нападна шминка. Поранешната актерка, позната по улогата во серијата Suits, претпочита природен изглед и користи шминка само за суптилно да ги нагласи цртите на лицето. Токму затоа маскарата е нејзин најголем сојузник и производ без кој не може да ја замисли својата бјути-рутина.

Со години е верна на еден бренд, а ако мислите дека станува збор за луксузен производ достапен само за одбраните – се лажете.

Нејзината омилена маскара совршено ги истакнува очите, а тајната ја откри нејзината шминкерка Лидија Селерс, која соработувала со неа за време на снимањето на Suits.

Меган ме запозна со дрогериски производ – маскарата ‘Maybelline Lash Sensational Luscious’, која благодарение на неа стана неизоставен дел од мојата шминкерска торба“, откри Селерс.

Со лесна подлога и неутрален кармин или сјај, Меган секогаш изгледа беспрекорно – со минимално вложено време. Оваа маскара, со исклучително хидратантна формула, помага да се постигне поголем волумен, како и визуелно издолжување на трепките.

Најдоброто? За ваков ефект не мора да потрошите многу пари.

Производот се продава и кај нас – редовната цена е околу 999 денари, но често може да се најде на попуст за околу 740 денари.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе