Од Милано до Париз и Њујорк, најголемите модни недели веќе го дадоа одговорот на прашањето што ќе биде актуелно во светот на убавината ова лето. Од впечатлив ајлајнер и сенки што го врамуваат погледот, до заводливи црвени усни и беспрекорен „no makeup“ изглед – новата сезона носи доза гламур, свежина и многу простор за игра со боите и текстурите.
Ги издвоивме највпечатливите трендови од пистите и производите со кои лесно ќе ги рекреирате.
Ајлајнерот е повторно во центарот на вниманието
Понекогаш е потребен само еден детал за да се создаде впечатлив изглед. Токму тоа го потврди ревијата на Dolce & Gabbana, каде што прецизно исцртаниот ајлајнер беше доволен за целосно да го трансформира лицето. Очите се во фокусот, а остатокот од шминката е сведена на минимум.
Сенка што го врамува погледот
Меките, добро блендирани сенки повторно се враќаат на голема врата. На ревијата на Carolina Herrera во Њујорк, акцентот беше ставен на суптилно дефинирани очи кои изгледаат софистицирано и модерно.
У&З-предлог: KIKO Milano New Water Eyeshadow и Naj Oleari Sunset Delight Cute Colour Eye Pencil.
Црвени усни кои зборуваат повеќе од зборови
Класичниот црвен кармин никогаш не излегува од мода, но оваа сезона добива главна улога. На ревијата на Yanina Couture во Париз, усните беа апсолутен центар на вниманието, додека остатокот од лицето остана природен и свеж.
Ова е потсетник дека понекогаш еден совршен кармин е сè што ви е потребно.
Руменило и прецизно исцртани усни
Румените образи и добро дефинираните усни се комбинација што внесува свежина и женственост во секој изглед. Токму овој тренд доминираше на ревијата на високата мода на Тамара Ралф во Париз.
У&З-предлог: CATRICE Soft Glam Baked Blush 040 Midnight и CATRICE Gel Glide Lip Pencil 020 Drip The Drama.
„No makeup“ со доза креативност
Природната кожа останува водечки тренд, но оваа пролет добива интересен пресврт. На ревијата на Саид Кобејси, речиси незабележливата шминка беше надополнета со впечатливи трепки и декоративни детали на очните капаци.
Ова е идеален избор за оние кои сакаат минимализам, но не се плашат да експериментираат.
Моливот за очи – безвременски класик
Некои алатки никогаш не ја губат својата моќ. Добро нанесениот молив за очи може да додаде длабочина, мистичност и елеганција во само неколку потези.
Ревијата на Саид Кобејси покажа дека овој класичен производ и понатаму е незаменлив во вечерниот мејкап.
У&З-предлог: Naj Oleari Luminous Eye Pencil.
„Гола кожа“ како врвен луксуз
Најголемиот тренд на сезоната можеби не е поврзан со боите, туку со текстурата на кожата. Беспрекорниот тен, суптилниот сјај и природниот изглед беа во фокусот на ревијата на AJE.
За да го постигнете овој ефект, клучни се добар прајмер, лесна пудра и внимателно нанесен хајлајтер. Резултатот е кожа која изгледа свежо, негувано и природно – како да воопшто не носите шминка.
Лето 2026 носи баланс помеѓу природната убавина и смелите акценти. Без разлика дали ќе се одлучите за драматичен ајлајнер, црвен кармин или едноставно беспрекорен тен, најважното правило останува исто – шминката да ја нагласи вашата индивидуалност, а не да ја сокрие.
Текст: Убавина и здравје
Фото: Instagram