Естетски хирург открива: Кои корекции за подмладување ги бараат мажите, а кои жените?

Одговорите ќе ве шокираат

Дознајте што бараат мажите, а што жените во регионот кога станува збор за разубавување по хируршки пат

Трендовите во естетската хирургија се во пораст, па се чини дека сите коригираат нешто на своето лице за да го забават стареењето или да се разубават.

Нè интересираше кој тренд во подмладувањето сега е доминантен во светот, а кој во регионот?

„Кога станува збор за подмладувањето во регионот, првото место го делат хијалуронските филери и ботоксот, кои спаѓаат во категоријата неинвазивни методи. На прво место се усните, бидејќи секоја жена сака да има убави, волуминозни и атрактивни усни“, открива познат естетски хирург.

Во светот ситуацијата е малку поинаква, пациентите тежнеат кон тоа да прават рејувинација на лицето за да го одбегнат „пренаполнетиот“ изглед на лицето, тие тежнеат кон холистички пристап кон убавината.

Што најчесто бараат жените, а што мажите?

„Нема разлика меѓу жените и мажите, сè што прават жените, истото го прават и мажите, само што машката популација е многу поумерена и пореална, тие се поедноставни од жените. Секако, кај мажите најзастапена е побарувачката за изразена jawline (линија на вилицата) за да добијат поизразена маскулинизација на лицето.“

Дали има екстремни случаи кога бараат нешто неизводливо или опасно по здравјето?

„Да, се среќаваме и со нереални очекувања, но нашата професија изискува од нас да бидеме добри доктори, кои се занимаваат со естетска медицина, да бидеме прецизни хирурзи и одлични психолози и да не дозволиме некој да се изложи на опасност, како и на неприфатливи зафати, кои нема да се вклопат во самата анатомија на лицето и отстапуваат од нормалните естетски пропорции на лицето.“

Дали знаете кој е најпопуларниот нов модел за пластична хирургија?
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе