9 секојдневни навики што го забрзуваат стареењето на кожата: Еве како да ги одбегнете!

Бидете внимателни

Прераното стареење на кожата не е неизбежно – многу зависи од секојдневните навики

Знаците на стареење, како брчки околу очите, опуштена кожа или промени на пигментацијата, честопати се забрзуваат поради секојдневните навики што не ги ни забележуваме. Експертот доктор Брендан Конг и неговите колеги предупредуваат дека лошите навики можат значајно да го забрзаат процесот на стареење на коата, покрај генетиката.

„Стареењето на кожата е многу повеќе од генетика. Клетките на кожата се изложени на ултравиолетови зраци, загадување, стрес и сина светлина од екраните. Лошата хидратација и недостатокот од сон дополнително ја оштетуваат кожата и го забрзуваат стареењето“, објаснува доктор Конг.

1. Врел туш

Врелата вода ги отстранува природните масла од кожата, ја нарушува кожната бариера и предизвикува дехидратација.

„Хроничната дехидратација ги прави брчките повидливи, а проширените крвни жили можат да предизвикаат воспаление кое ја забрзува разградбата на колагенот и еластинот“, вели доктор Конг.

Совети: користете млака вода, мијте го лицето над мијалник и подигнете ја брадата кога сте под туш. По туширањето, нежно исушете ја и хидрирајте ја кожата.

2. Претерано џвакање гума за џвакање

Постојаното џвакање ги напрега мускулите на лицето, што може да го прошири долниот дел на лицето и да придонесе за појава на брчки.

3. Одбегнување очила за сонце

Мижуркањето на сина светлина создава динамички брчки околу очите, кои со текот на времето стануваат статички и потешко се отстрануваат. Одберете очила за сонце со 100% заштита од УВА и УВБ-зраци.

4. Прескокнување СПФ во зима

УВ-зраците се присутни во текот на целата година, дури и преку облаците и прозорците. Прескокнувањето на кремовите со СПФ може да доведе до 80 отсто повидливо стареење на кожата.

5. Консумирање шеќер и газирани пијалаци

Претераната консумација на шеќер предизвикува гликација, врзување на шеќерот со колагенот и еластинот, што доведува до опуштање на кожата и појава на брчки.

Совети: намалете ги слатките грицки и газираните пијалаци и наместо тоа, консумирајте вода, растителни чаеви и јаткасти плодови.

6. Спиење со шминка

Ако ја оставите шминката прекуноќ, ги блокирате порите и предизвикувате оксидативен стрес, со што се намалува колагенот и се забрзува стареењето на кожата.

Решение: двојно чистење на лицето – прво со масло или со балсам, па со благо средство на база на вода.

7. Користење телефон во кревет

Сината светлина од екраните предизвикува оксидативен стрес и може да доведе до разградба на колагенот, пигментација и дополнително стареење на кожата.

8. Пиење со сламка

Контракцијата на мускулите околу устата при пиењето пијалаци со сламка може да предизвика појава на вертикални „пушачки“ брчки.

9. Спиење на страна

Притисокот на лицето на перницата предизвикува брчки кои со текот на времето стануваат трајни. Најдобрата позиција за зачувување младешки изглед е лежењето на грб.

Совет: користете перници од мемориска пена или свилени навлаки за да го намалите притисокот и повлекувањето на кожата.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе