Сидни Свини повторно заблескала на црвениот килим
Во неделата, во престижната балска сала Ray Dolbi во Лос Анџелес, се одржа 16. доделување награди Governors, а на црвениот килим се собрале бројни ѕвезди од А-листата, подготвени да заблескаат пред очите на медиумите и обожавателите.
Меѓу сите нив, Сидни Свини (28) била вистинска сензација. Се појавила како модерна икона на гламурот во блескав фустан без ракави, кој совршено ги истакнувал нејзиното бујно деколте и елегантната става. Фустанот имал силуета на сирена, тесно припиен до телото, нагласувајќи ги познатите облини на Сидни во форма на песочен часовник. Секое нејзино движење зрачело со префинетост и самодоверба, па сите погледи биле вперени во неа.
View this post on Instagram
Фризурата што ја одбрала била полн погодок. Нејзината куса платинесторуса коса била стилизирана во класични бранови, инспирирани од легендарната Мерилин Монро, кои му додале доза на ретро-гламур на целосниот модерен изглед. Стајлингот го надополниле суптилните, но впечатливи сребрени обетки, кои рефлектирале светлина и додале шик завршен детаљ.
Инаку, на настанот имало и забавен момент кога Том Круз (63), кој исто така бил во публиката, духовито и провокативно реагирал на Свини, што дополнително им го привлекло вниманието на медиумите.
@varietymagazine #SydneySweeney meets #TomCruise ♬ original sound – Variety
Овој изглед на Сидни Свини брзо станал главна тема во модните кругови, а фризурата била прогласена за апсолутен хит на вечерта, потврдувајќи дека комбинацијата на класичен гламур и модерни детали секогаш е добитна формула.
ФОТО: Инстаграм, ТикТок