Најпопуларната фризура за оваа есен е лесна за одржување и секому му стои: Дава волумен без многу мака!

Вистински хит

Фризурата инспирирана од 1970-тите години, со нагласени слоеви и „завеса“ кркми, ќе биде вистински хит есенва

Се ближи есента и многумина размислуваат за промена на фризурата откако сонцето им ја исуши и осветли косата. Еден тренд особено се истакнува и привлекува сè поголемо внимание.

Станува збор за долгите, нагласени слоеви кои ѝ даваат движење на косата, богата текстура и многу повеќе волумен.

Ваквиот начин на потстрижување се потпира на естетиката од 1970-тите, но приспособен е на модерниот стил. Особено популарен е благодарение на фризурата на шведската инфлуенсерка и моделка Матилда Дјерф, чиј препознатлив изглед стана вистинска инспирација на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matilda Djerf (@matildadjerf)

Тајната е во слоевите

За разлика од потполно рамно потстрижаната коса, слоевите им даваат на прамените повеќе движење и создаваат впечаток на побогата коса. Најдобро изгледаат кога се комбинираат со долги завеса-кркми, кои нежно го врамуваат лицето.

Особено ефектно изгледаат на долга коса, а можат да се приспособат на различни текстури. Ако сакате понагласен ретро-ефект, доволно е да ја исфенирате косата и да додадете големи, меки бранови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matilda Djerf (@matildadjerf)

„Завеса“ кркмите го менуваат целиот изглед

Токму кркмите можат да одредат дали фризурата ќе изгледа ретро или модерно. Погустите завеса-кркми даваат изразен ретро-шмек од 1970-тите, додека подолгите слоеви околу вилицата или клучната коска, создаваат поелегантен и посовремен изглед.

Предноста на оваа фризура е што не мора да имате совршено фенирана коса секој ден. Слоевите можат убаво да ја истакнат и природната текстура на косата, додека фенирањето и големата четка ќе ѝ го дадат оној препознатлив, раскошен волумен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matilda Djerf (@matildadjerf)

Ако целта ви е косата да изгледа погусто, пополно и пораскошно, оваа фризура инспирирана од 1970-тите би можела да биде една од најинтересните промени за новата сезона.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе