Дознајте како фризурата со слоеви може да направи косата да ви изгледа погусто и поздраво
Ако имате впечаток дека косата ви е безживотна, без волумен и дека изгледа поретко одошто навистина е, можеби време е за промена на фризурата. Експертите за коса веќе неколку сезони издвојуваат една техника на потстрижување што ѝ дава на косата волумен, движење и природен изглед, а притоа не треба драстично да ја потстрижувате должината.
Станува збор за долги меки слоеви кои постепено се претопуваат со остатокот од косата. Ваквото потстрижување ја отстранува тежината од врвовите, овозможува косата полесно да се подигне во коренот и создава впечаток на поголема густина. Поради тоа, косата изгледа побујно, поздраво и понегувано, дури и кога не е посебно стилизирана.
View this post on Instagram
Зошто оваа фризура го подмладува лицето?
Слоевите што го врамуваат лицето ги омекнуваат цртите и му даваат на лицето посвеж изглед. Особено убаво им стои на жени со долга, бидејќи дава динамика и спречува косата да изгледа рамно и тешко.
Фризерите истакнуваат дека оваа фризура е одличен избор за луѓето кои сакаат промена, но не сакаат да се откажат од должината. Доволни се само неколку внимателно обликувани слоеви за да добие косата потполно нова димензија.
View this post on Instagram
Идеална за ретка и средно густа коса
Една од најголемите предности на оваа фризура е тоа што создава оптичка илузија на погуста коса. Благодарение на слоевите и фенирањето, косата добива волумен и движење, па изгледа пораскошно одошто навистина е.
Во комбинација со посветли перчиња или нежни преливи, ефектот е уште поизразен, бидејќи различните нијанси дополнително ги нагласуваат текстурата и волуменот.
View this post on Instagram
Како да го одржувате овој изглед?
За да ги задржи волуменот и сјајот, се препорачува редовно пострижување на врвовите на секои шест до осум недели. Покај тоа, лесните производи за волумен и фенирањето со кружна четка можат да помогна слоевите подобро да дојдат до израз.
Најубав резултат се постигнува кога косата изгледа природно, со благи бранови и волумен, без премногу тешки препарати што можат да ја оптоварат.
Токму затоа, оваа фризура со години важи за една од најбараните во салоните – бидејќи го нуди тоа што речиси секоја жена го сака: која изгледа здраво, негувано и видливо погусто.
ФОТО: Инстаграм