Еве што се случува ако искорнете седо влакно

Што советуваат докторите

Познатите личности како Џенифер Анистон и Сара Џесика Паркер се’ почесто ја прифаќаат седата коса како неизбежен и нормален дел од процесот на стареење. Денешните дами, со гордост ја носат убавината што доаѓа со годините.

Првото појавување на седи влакна може да предизвика драматична реакција и инстинктивно корнење на истите. Докторите на тоа гледаат како на најлошото што можете да и’ го направите на вашата коса.

Што предизвикува седа коса?

Косата станува седа кога пигментните клетки кои создаваат меланин во фоликулот на влакното почнуваат да опаѓаат како што старееме. Белеењето во голема мера е одредено од генетиката, но и други фактори како што се исхраната, стресот и флуктуациите на хормоните, исто така можат да влијаат на бојата на нашата коса.

 

Дали кубењето го поттикнува растот на нови седи влакна?

Веројатно сте ја слушнале старата приказна – ако откинете едно седо влакно, уште седум ќе пораснат. Можеби не е изненадувачки, но тоа не е ништо повеќе од приказна.

Сепак, навистина доколку искубете едно влакно, на истото место ќе порасне ново, но не повеќе.

Дали кубењето коса може да предизвика штета?

Иако кубењето нема да допринесе до почест раст на седи влакна, тоа ќе предизвика оштетување на вашиот скалп и прамени. Со оглед на тоа што расте само едно влакно по фоликул, важно е да не ги кубете влакната на главата за да не предизвикате оштетување на фоликулот на косата.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе