Милиони жени се воодушевени од новиот хит-изглед, а тајната всушност е едноставен фризерски трик што професионалците одамна го користат.
Ако последниве недели поминувате време на Тикток, сигурно сте ги забележале таканаречените „безобразни кадрици“ – фризура што стана вистински светски хит и ја освојува женската публика.
Иако многумина мислат дека станува збор за нова техника на обликување на косата, всушност се работи за добро познат фризерски трик кој професионалците го применуваат со години.
Популарноста на овој тренд значително порасна благодарение на Алабама Баркер, ќерката на музичарот Тревис Баркер. За време на своите тикток-видеа, таа ја витка косата со фигаро, а секој свежо направен прамен веднаш го прицврстува со шнола или виклер и го остава целосно да се излади.
Токму овој едноставен чекор е тајната на долготрајните кадрици. Со ладењето, прамените подобро ја задржуваат формата, стануваат поеластични и подолго остануваат дефинирани, дури и во топли и влажни летни денови.
Називот „безобразни кадрици“ (англиски: nasty curls) настанал сосема случајно. Во еден пренос во живо, Алабама Баркер го употребила жаргонскиот израз „nasty“, кој кај генерацијата Z се користи за нешто впечатливо, самоуверено и исклучително атрактивно. Нејзините следбеници брзо почнале да го поврзуваат терминот со препознатливата фризура, па така се родило и името на трендот.
Иако техниката не е нова, TikTok ѝ даде сосема нов живот. Денес сè повеќе жени ја бараат оваа фризура во фризерските салони, иако со малку вежба лесно може да се направи и дома.
@alabamabarker♬ original sound – Alabama barker
Доколку сакате кадрици што ќе останат совршени со часови, доволно е по виткањето да ги фиксирате и да почекате целосно да се изладат пред да ги расчешлате – едноставен трик што прави голема разлика.
Фото: Тикток