Погледнете кои се трите најмодерни фризури што ќе бидат најбарани во салоните
Зимата е вистинското време за трансформација! Со доаѓањето на постудените денови, косата добива посебно внимание: повеќе ја негуваме, а фризурите стануваат посмели, пополни и поелегантни. Трендовите за 2025 носат спој на практичност и луксуз: природен волумен, меки потези и гламур без премногу труд.
Ако планирате да го освежите изгледот, фризерите порачуваат дека овие три фризури ќе бидат апсолутен хит во салоните ширум регионот.
1. Италијански боб – шик, женствено и бескрајно модерно
Боб-фризурата никогаш не излегува од мода, но оваа сезона ќе биде застапена во пософистицирана верзија – италијански боб.
Се препознава по:
- полната, но лесна форма
- мекоста околу лицето
- елегантен, природен волумен
Должината е малку над раменици или до брадата, со благи бранови кои ѝ даваат на косата гламурозен, филмски шарм.
За кого е идеална?
За жените кои сакаат пократка коса, но не строго рамна. Го издолжува вратот и ги истакнува јаболчните коски – совршена е за деловни и модерни жени кои претпочитаат фризури што лесно се стилизираат.
2. Кадрав „шег“ – враќање на дивиот волумен
Природните кадрици и бранови конечно ги добиваат своите пет минути слава! Кадравиот „шег“ создава совршена рамнотежа помеѓу уредноста и нескротливиот рокерски шарм.
Карактеристики:
- многу слоеви што го зголемуваат волуменот
- меко обликувани врвови
- младешки, разигран изглед
Одличен е за оние на кои им е смачено од пеглање и фенирање, а сакаат да ја истакната природната текстура на косата.
Бонус?
Одлично ги сокрива „израстокот“ и сувите врвови – косата изгледа свежо и кога не е совршено фенирана.
3. Завеса-кркми со долга коса – безвременска елеганција
Кркмите што се отвораат како завеса веќе неколку сезона не го напуштаат престолот, а оваа зима добиваат уште еден бран на популарност.
Со долга, раскошна коса, тие изгледаат:
- елегантно
- женствено
- романтично
Убаво го врамуваат лицето, ги ублажуваат цртите, а по потреба, лесно се сокриваат зад уши. Жените ги обожаваат, бидејќи даваат потполно нов изглед без драстична промена на должината.
Како да го одберете трендот што најмногу ќе ви прилега?
Фризерите советуваат да ги земете предвид:
- густината и текстурата на косата
- формата на лицето
- животниот стил (колку време сакате да трошите за стилизирање)
Најдобри се оние фризури што ги истакнуваат вашите најубави страни и прават да се чувствувате самоуверено секој ден.
ФОТО: Oladimeji Odunsi / Unsplash, Пинтерест