Лав, Стрелец и Вага не брзаат – за нив интимноста е емоција, енергија и вистинска врска
За некои луѓе сексот е само физички чин, но за други тој има многу подлабоко значење. Лав, Стрелец и Вага спаѓаат во хороскопските знаци кои интимноста ја доживуваат како емоционална и духовна поврзаност.
Лавовите сакаат да се чувствуваат посебно и обожавано, па за нив интимноста е начин на изразување љубов и страст. Тие вложуваат емоции и бараат партнер кој ќе им возврати со ист интензитет.
Стрелците го гледаат сексот како дел од авантурата и слободата, но кога ќе се поврзат, бараат искрена енергија и вистинска блискост. За нив, квалитетот е многу поважен од брзината.
Вагите, пак, се ориентирани кон хармонија и емоционален баланс, па интимноста ја доживуваат како спој на љубов, нежност и естетика. За нив, поврзаноста со партнерот е клучна за вистинско задоволство.
Фото: Pexels/Any Lane