Секогаш сериозен, со високи критериуми и ретка насмевка – според астролозите, еден хороскопски знак најчесто остава впечаток дека никогаш не е целосно задоволен. Но, зад строгото лице се крие сосема поинаква личност.
Според астролошките толкувања, Јарец често се издвојува како хороскопски знак што остава впечаток на најсериозен, а понекогаш и најнамуртен.
Со овој земјен знак владее Сатурн – планета која во астрологијата се поврзува со дисциплина, одговорност, истрајност и зрелост. Токму затоа, луѓето родени во знакот Јарец често изгледаат резервирано, внимателно ги контролираат своите емоции и ретко реагираат импулсивно.
Високи стандарди и малку трпение за неодговорност
Јарците обично имаат високи очекувања – и од себе и од другите. Не сакаат доцнење, неодговорност, површност и непочитување на договорите, па токму ваквите ситуации најлесно можат да ги извадат од рамнотежа.
Кога не се расположени, не се обидуваат тоа да го сокријат. Наместо бурни реакции, најчесто избираат молк и сериозен израз на лицето, што кај околината може да создаде впечаток дека постојано се намуртени или незадоволни.
Зад сериозниот изглед се крие лојална личност
Иако на прв поглед можат да делуваат студено и недостапно, астролозите велат дека Јарците се меѓу најодговорните и најлојалните луѓе. Кога еднаш ќе стекнат доверба во некого, покажуваат исклучителна посветеност, подготвеност да помогнат и чувство за хумор што ретко го откриваат пред непознати.
Тие не се личности кои лесно ги покажуваат чувствата, но оние што ги познаваат добро знаат дека зад строгата надворешност се крие голема емпатија и искреност.
Не зависи сè само од хороскопскиот знак
Сепак, астролозите нагласуваат дека карактерот не го одредува само сончевиот знак. Расположението, начинот на изразување на емоциите и темпераментот зависат од целата натална карта, односно од положбата на Месечината, подзнакот и другите планети во моментот на раѓањето.
Затоа, иако Јарецот често го добива епитетот „најнамуртен знак“, тоа не значи дека секој роден во овој знак е сериозен и тешко расположлив. Напротив, кога ќе се почувствува сигурно и опуштено, Јарецот знае да биде топол, духовит и исклучително приврзан кон луѓето што ги сака.
Текст: Убавина и здравје