МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: Вашето здравје во јули

Не е лошо да се знае

Дознајте какво здравје ве очекува претстојниот месец!

ОВЕН

Здравствената состојба на овните им дозволува да водат активен начин на живот. Сепак, за да избегнете повреди на колкот, не напрегнувајте се премногу. Можни се и проблеми со стомакот, па затоа обрнете внимание на храната што ја јадете, особено на нејзината температура – не смее да биде врела.

БИК

Биковите се изложени на ризик од воспалителни процеси во урогениталните органи и усната празнина. Во тој случај е корисен чај од мешавина од лист и корен од бел слез, лист од јагода, ледум, кора од врба и петопрст. По едно лажиче од секое растение сварете во литар зовриена вода и испијте ја во текот на денот.

БЛИЗНАЦИ

На крајот од месецот, кај близнаците е можна појава на висок крвен притисок и главоболки. Пригответе чај од корен од игирот, врес, оригано, темјан и семе од ким. Земете по едно лажиче од секое растение (суво и исечкано) и тоа прелејте го со литар зовриена вода. Испијте го во текот на денот.

РАК

Почетокот на летото кај раковите е доста комплициран во однос на здравјето. Веднаш штом ќе почувствувате каква било беспомошност, консултирајте се со лекар, бидејќи самолекувањето може да даде негативни резултати. Водете сметка за килограмите – за тоа најдобро ќе биде да почнете да се занимавате со некаков спорт.

ЛАВ

Лавовите треба да знаат дека постојаната загриженост доведува директно до срцеви заболувања. Ви ја препорачуваме следнава мешавина од билки: корен од валеријана, петопрст, сурутарка и цветови од брденка. По едно лажиче од секоја билка ставете во литар зовриена вода. Испијте го во текот на денот. Третманот трае една недела.

ДЕВИЦА

Добрата здравствена состојба на девиците може да предизвика зголемен апетит и вишок килограми. Затоа, зголемете ја физичката активност, доколку е можно практикувајте пливање на отворен простор. Постарите припадници на овој знак може да имаат проблеми со крвните садови, но сè ќе помине добро.

ТЕРЕЗИЈА

Естетите терезии под влијание на летото може да заборават на штедливоста. А кога ќе го потрошат семејниот буџет на непотребни работи, тие ќе станат депресивни. Најдобар лек ќе биде времето поминато со пријателите. Тие исто така треба да научат дека проблемите од работа не треба секојдневно да му ги сервираат на семејството.

СКОРПИЈА

Топлото и задушливо време многу го ослабува имунитетот, а комарците и другите инсекти ги водат скорпиите во депресија. Затоа е најдобро во овој период да не одите на одмор. Но немојте ни да се залежите во домот. Внимавајте на ‘рбетот – започнете да вежбате и редовно практикувајте масажи.

СТРЕЛЕЦ

Неочекувано за родените во знакот на Стрелец, но во јули може да се појави беспомошност. Слушајте ја вашата интуиција и одете на лекар за подетален преглед. Она што сигурно нема да ви наштети се здрава исхрана, витамини, релаксација со лесна музика и престој во природа.

ЈАРЕЦ

Одличното расположение и здравје на јарците им овозможуваат повеќе да се грижат за семејството и пријателите отколку за себе. Сепак, и вам ви е потребен одмор, а најдобро би било да го поминете во природа, далеку од метежот. Таму ќе соберете сили да бидете подобри и кон себе и кон другите.

ВОДОЛИЈА

Водолиите не треба да прејадуваат затоа што гарантирано ќе добијат вишок килограми. За да го спречите ова до одреден степен, пијте чај од три дела од кантарион, по еден дел од корен од валеријана, од шишарки од хмељ и врес и половина медуника. Една лажица од мешавината ставете во шолја врела вода.

РИБИ

Во јули рибите би можеле да имаат проблеми со дигестивниот тракт. Ви го препорачуваме следниот чај: три лажичиња темјанушка, две лажичиња добричица, по едно лажиче корен од игирот, чага и пченкарна свила. По едно лажиче од секоја билка ставете во литар врела вода и испијте ја во текот на денот.

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе