Сезоната на терезијата почнува кон крајот на септември и трае до втората половина на октомври, носејќи енергија на рамнотежа, мир и хармонија. Овој период позитивно ќе влијае на терезиите, водолиите и близнаците.
Тоа е време кога се посветува поголемо внимание на меѓучовечките односи, заедништвото и хармонијата во сите аспекти од животот. Терезијата бара правда, чесност и јасност, па често се јавува потреба да се постават работите на свое место – било да станува збор за љубовта, кариерата или пријателствата.
Подготвеност за компромис
Енергијата на терезијата ги инспирира луѓето да бидат поотворени, подипломатски настроени и подготвени за компромиси заради зачувување на мирот и убавината во секојдневието.
Рамнотежа
Ова е период кога уметноста и уживањето во убавите работи излегуваат на површина, а со тоа се јавува и потребата животот да се уреди така што ќе биде поугоден и полесен.
Сезоната на терезијата нѐ поттикнува да ја најдеме рамнотежата помеѓу она што го посакуваме за себе и она што го споделуваме со другите. Таа нѐ учи дека вистинската хармонија се постигнува само кога постои меѓусебно разбирање и почит.
Текст: Убавина и здравје