2020 е отпишана година: Астролозите откриваат што нè чека во 2021!

Годишен хороскоп

За некого мед и млеко, за некого тотален колапс

Актуелната 2020 година многумина ја сметаат за една од најлошите што некогаш ни се случиле поради пандемијата на коронавирус, која го сопре целиот свет. Многумина практично ја отпишаа и однапред ѝ се радуваат на 2021.

Што ќе ни донесе таа, откриваат астролозите преку нивниот краток хороскоп за 2021 година.

Експертите за астрологија велат дека 2021 ќе биде година на просперитет и убави моменти на емотивен план. Сепак, ќе има и тешки моменти и големи искушенија. Еве што ќе му донесе 2021 година на секој хороскопски знак…

Овен

Хороскопот за 2021 година на овој знак му предвидува конечно надминување на лошото расположение и депресијата, кои ќе бидат доминантни на почетокот од годината, а потоа следи период на хармонична љубов и убави пријателства.

Околностите ќе бидат на ваша страна, а вие ќе морате да знаете да ги искористите на најдобар начин за да ги надминете деловните тешкотии кои ќе се јават во февруари, а во март дополнително ќе се влошат. Судбината за момент ќе ви се смешка, за момент ќе ви го врти грбот. Ви претстојат бројни тешкотии низ кои ќе морате да поминете сами.

Бик

Наредната година ќе ви донесе подобрување на поле на семејство и пријателства. Ова ќе биде период кога ќе морате сериозно да се погрижите за своето здравје. Сите важни работи треба да ги решите до средина на април, а плодовите од својата работа ќе ги берете од јуни. Внимавајте и ширум отворете ги очите – во текот на летото ќе се соочите со големо предавство.

Близнаци

Почетокот на годината ќе биде идиличен период за вас, ако не направите некоја кардинална грешка. Можни се бројни деловни патувања. Најдобрите вести и најубавите моменти ве очекуваат во септември, како и подобрување на финансиската ситуација. Од октомври сè ќе ви оди од рака и ќе ве следи среќа што и да направите. Сепак, во ноември пристигнува разочарување како последица на грешките што сте ги направиле во некој период од животот.

Рак

За вас, 2021 година е период на добри дела кои ќе ги правите за други, но и за своја душа. Судбината добро ќе ве награди за тоа. Во љубовта треба да се чувате од конфликти, особено во текот на летото. Тешкотии на работа може да се јават во септември, а можни се и караници со семејството и со пријателите. Вам ви преостанува да се обидете да ги отстраните сите надворешни фактори кои влијаат врз односите со саканите личности и сè би требало да биде во ред.

Лав

За припадниците на овој знак, ова ќе биде прилично стресна година на емотивен план, додека на полето на кариерата исклучително ќе напредувате. Можно е и долго, интересно патување. Сите проблеми на работа ќе ги решавате со леснотија, но во август ќе добиете вести кои значајно ќе влијаат врз сите планови што сте ги имале.

Два пати во текот на годината (во март и во декември) ќе бидете совладани од емоции поради спомени од минатото и тоа ќе биде вашиот најчувствителен период. Не дозволувајте тоа да влијае врз преостанатите аспекти од вашиот живот, бидејќи лесно може сè да тргне во негативна насока.

Девица

На почетокот од годината вашата креативност ќе биде намалена, па тогаш не би требало да почнувате нови бизниси. Концентрирајте се на завршување на работите. Сосема е извесна добрата финансиска ситуација, благодарение на вашиот труд во 2020 година. Првата половина од годината е период кога односите со семејството дополнително ќе ви се зацврстат, а ако имало конфликти, тогаш ќе се разрешат.

Во август ве чека голем, но неодложен шопинг, па време е да почнете да штедите за тоа. Во октомври пристигнуваат неволји – ќе сфатите дека многу ветувања биле празни, поради што ќе се чувствувате немоќно и фрустрирано.

Терезија

На работа ќе уживате во пријатна, пријателска атмосфера. Од друга страна, ќе морате максимално да му се посветите на семејството, особено на повозрасните членови. Покрај тоа, ќе се занимавате со непланирано реновирање и купување, што ќе ве направи среќни. Можни се необјасниви љубоморни сцени од страна на партнерот, но немирите брзо ќе поминат.

Скорпија

Со малку притисок и голема самодоверба, оваа година ве очекува чиста среќа. Сепак, немојте да летате во облаци – шансата за несреќа во март е многу голема. Во семејството ќе владее мир, а како што ќе минува годината, финансиската ситуација сè повеќе ќе ви се подобрува.

За вас, важно е да не ѝ верувате на секоја информација што ќе ја добиете, бидејќи многу од нив ќе бидат малициозни и потполно невистинити. На почетокот од годината ви претстои успешно патување. Можни се некои тешкотии на работа, кои ќе се засилат во зимскиот период.

Стрелец

Почетокот и крајот на годината ќе ви донесат голема среќа и успех, но на средината од годината ќе се соочите со финансиски тешкотии. Можни се конфликти и тензија на емоционален и семеен план. Месецот јули можете лесно да го искористите за да ги свртите работите во своја корист, само треба доволно да се потрудите. Кон крајот на август можна е страсна авантура, која ќе заврши со тотално разочарување.

Јарец

Животот на секој човек роден во овој знак ќе биде целосно поинаков, сè зависи од датумот на вашето раѓање. Некои Јарци ги очекува голема среќа, а други тотален колапс. Сепак, секој припадник на овој знак ќе може да пронајде среќа во креативноста и во љубовните врски. Кон крајот на годината можни се здравствени проблеми, па клучно е што порано да ѝ се посветите на превенцијата.

Оние Јарци на кои среќата ќе им биде наклонета, ќе имаат голем успех на работа и ги очекува парична добивка во семејството. Оние на кои среќата не им е наклонета, сепак ќе почувствуваат радост во мај, но ќе мораат напорно да работат за да го одржат квалитетот на животот. Најтешкиот период за вас е од јуни до август 2021 година. Во ноември може да дојде до големи проблеми на работа.

Водолија

На припадниците на овој знак цела година ќе им недостига време да го завршат сето тоа што го планирале и сето тоа што им е наметнато. Ќе имаат помалку дружби од вообичаено поради преголемите обврски, а сето внимание ќе им биде насочено кон работата. Морате да работите на смирувањето и да не дозволите премногу да се нервирате, бидејќи тоа може да ве доведе до непријатни ситуации. Во мај и јули особено чувајте се од брзоплети одлуки – тоа главно ќе бидат лоши потези. Кон крајот на годината ви претстои поголема загуба. Чувајте се од нови соседи.

Риби

Во април ви претстои олеснување – на стресниот период му доаѓа крајот. Ќе доминираат среќа и хармонија во љубовните врски, убава комуникација со пријателите, но и можност да решите семеен проблем кој веќе долго трае. Што се однесува до финансиите, неопходно е да внимавате, особено во текот на октомври. Во последниот месец од 2021 година расте ризикот од незгоди.

Овие хороскопски знаци се совршени за флертување на летен одмор
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе