Денеска е ангелски број кој ќе донесе големи чуда за хороскопските знаци: Еве што се препорачува задолжително да направите

Денешниот датум 11 ноември (11.11) носи силен енергетски и духовен код, познат како анѓелски број. Во нумерологијата, бројот 11 симболизира будење на свеста, духовна рамнотежа и поврзување со повисоките сфери, а неговото удвојување – 1111 – претставува портал кон нови почетоци и манифестација на желбите.

Овој ден се смета за особено поволен за молитва, поставување намери, манифестација и енергетско прочистување. Според духовните учители, кога се појавува низот 1111, тоа е порака од универзумот дека сме на вистинскиот пат и дека нашите мисли и чувства имаат зголемена моќ на создавање реалност.

Бројот 11 во нумерологијата е главен број поврзан со интуиција, визија и просветлување. Тој нè потсетува дека сите сме дел од една целина, иако изгледаме како поединци. Кога ќе се собере 1+1, се добива бројот 2 – симбол на рамнотежа и заедништво.

11.11 се смета за “врата на енергијата”, ден кога космичките вибрации се засилени и кога срцето и умот полесно се усогласуваат. Затоа овој ден е идеален за размислување за своите цели, за простување, благодарност и духовен раст.

Многумина го доживуваат како ден кога се отвора портал помеѓу видливото и невидливото, кога нашите мисли побрзо стануваат реалност. Затоа е важно фокусот да биде на позитивни желби, а не на стравови.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе