Ѕирнете во вилата на плажа која е во сопственост на Џенифер Лопез и Алекс Родригез!

Куќа за одмор од соништата

Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез имаат неколку недвижнини низ САД, а поради својата прекрасна локација, особено се истакнува оној во Малибу, кој популарната двојка неодамна одлучи да го продаде.

Луксузната вила на три кат се наоѓа на песочна плажа покрај Тихиот Океан, а се простира на 400 квадратни метри. Има 5 спални соби, 5 тоалети и домашно кино, а благодарение на големите прозорци од секој дел од домот се протега спектакуларен поглед кон околината. 

Куќата има и неколку тераси на кои можете да се сончате, а посебно искуство е да седите во хидромасажната када на една од терасите и да уживате во топлите калифорниски ноќи со омилениот пијалак и смирувачките звуци на брановите кои го заплискуваат брегот. Имотот некогаш му припаѓал на актерот Џереми Пивен, а пред 2 години славниот пар го купил за 6,6 милиони долари. Џеј Ло и Алекс сега ја продаваат куќата за 8 милиони долари.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.