Ѕирнете во луксузниот дом на Новак и Јелена Ѓоковиќ кој чини 9 милиони долари

Со поглед на океан во Мајами

Фото: Инстаграм

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во 2017 година купи фантастичен дом со прекрасенпоглед на океан.

Новак Ѓоковиќ пред две години купи луксузен стан со поглед на плажата во Мајами, каде таа година требаше да учествува на турнеја.

Овој неверојатен објект се наоѓа во стамбениот комплекс „Eighty Seven Park“ на обалата на Мајами Бич. Совршено е за семеен живот. Има три спални соби, три бањи… Прозорите се од подот до плафонот и Ноле со семејството може да ужива во спектакуларниот поглед на Атланскиот океан, заливот, паркот и градот. На располаѓање им се и два приватни базени, спа центар, сауна, фитнес центар, бар…. Комплексот го проектираше славниот архитект Ренцо Пјано.

Бев воодушевен со неверојатна услуга, ексклузивниот пристап до паркот, панорамскиот поглед на копното и морето… Моето семејство ќе има совршен живот овде. Воодушевен сум од дизајнот на оваа зграда, рекол Ѓоковиќ.

Квадратурата на становите во комплексот се движи од 130 до 650 квадратни метри.

Цените се движат од 1,6 до неверојатни 45 милиони долари за пентхаус.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.