Заштита на домот од сонце – идеални и модерни решенија

Совети

Сончевата светлина е неопходна за одржување на животот на земјата, но исто така и за одржување на добро расположение и состојба на психата на човекот. Исто така, таа во станбените простори е неопходна за уништување на бактериите и евентуалната влага. Сепак, доколку нема соодветна заштита, нејзиното присуство може да создава непријатности и проблеми.

Изложеноста на сонце (инсолацијата) на главните станбени простории (дневна, спална, детска, работна соба) е потребна и треба да трае минимум 2 часа во текот на 250 дена во годината за да се постигнат поволни хигиенски микроклиматски услови.

Силината на сончевите зраци зависи од ориентацијата во просторот на одделна просторија, како и од годишното време. Треба да се знае дека заштитата од сонцето на јужната страна не е идентична со онаа на источната или на западната, поради различниот агол на влегување на сончевите зраци.

Елементите за заштита од сонце треба да бидат складно вклопени во архитектурата, како нејзин составен дел, а не како нужно наметнат елемент.

Еден од начините за заштита од сонцето се настешниците, кои се изведуваат како армирано-бетонски, метални или дрвени. Особено погодни се ламелираните изведби, кои овозможуваат струење на воздухот и спречување на вжештување, кое пак може да се јави кај изведбата со полни елементи.

Тендите, кои се најчесто во платнена изведба или се направени од водоотпорни материјали, ги има во различни облици – од наједноставни до модерни и егзибиционистички.

Перголите, како заштита од сонце, порано се среќавале најмногу во традиционалните објекти и тоа во дрвена изведба, а денес ги има и во модерната архитектура и во метална изведба.

Брисолеите се составени од вертикални или хоризонтални ламели поставени од надворешната страна и претставуваат одлична заштита за сонцето кое доаѓа од источна и западна страна (особено кога се во вертикална изведба). Освен својата примарна улога – заштита од сонцето, можат да бидат и декоративен елемент на фасадите во фиксна и подвижна изведба.

Лапласт -М е фирма со 40 годишна традиција на успешно проектирање, производство, изведба и монтажа на урбана опрема и производи за заштита од сонце. Визијата на раководството на Лапласт – М е да ја одржи и да ја зголемува стекнатата репутација на препознатлива фирма за проектирање, производство, монтажа и сервисирање на производи за заштита од сонце и урбана опрема. Нивната локација е улица Момин поток б.б Скопје, а повеќе информации можете да најдете на телефонскиот број 023097007 или на нивната официјална страница info@laplast-m.com.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.