Во продажба е новиот број на специјализираното списание за уредување на просторот „Home Style“

Сè за домот на едно место!

Новиот број на „Home Style“ нека биде вашиот урбан прирачник што ќе ве инспирира да го создадете вашето катче од соништата!

Во продажба е седмиот број на специјализираното списание за уредување на домот „Home Style“, поддржано од „Brava Casa“, во кое ќе најдете многу совети, идеи, трендови и новитети кои ќе ви помогнат да создадете дом од соништата.

Ви претставуваме дел од содржините на новиот број:

АРХИТЕКТУРА

6 МАТЕРИЈАЛ ШТО САМ СЕ ОБЛИКУВА

Инженерите од Универзитетот во Штутгарт се потпреле на природниот процес на собирање на дрвата како резултат од нивното сушење за да ја создадат извиената кула

8 СПОЈ МЕЃУ ЗЕМЈАТА И НЕБОТО

Авторите на проектот за зградата на операта во Шангај неодамна прикажаа визуализација на зданието, кое ќе биде во изградба во текот на наредните години

ПРОСТОР

10 ­РОЗОВА ЗЕБРА

Дали знаете дека од минатата година можете да го посетите хотелот „Гранд Будапест“ од истоимениот филм на Вес Андерсон, но во – Индија?

12 ДЕЛОВЕН ПРОСТОР СО ТОПЛА АТМОСФЕРА

Станува збор за проектот Farel Cigar World, дизајниран од страна на архитектката Ема Ефремовска

14 МАГИЈАТА НА СВЕТЛАТА НА БАЛКОНОТ

Дека и малиот балконски простор може да се трансформира во софистициран простор во домот докажува проектот на Александра Топаловска, која создаде магично катче за своите клиенти

16 БАЛКОН НА МОЈ НАЧИН

Неправедно запоставен дел од домот, кој со малку труд и креативност може да стане омилено катче за уживање и дружење во топлите ноќи…

ДИЗАЈН

18 ИНСПИРИРАНО ОД АНТИКАТА

Шпанската дизајнерка Мај Аратија минатата година ја лансира својата прва линија на мебел и украси за домот

ЕНТЕРИЕР

24 ДЕТАЛИТЕ ВО ДОМОТ

Уредувањето стан претставува вистинско задоволство, но и предизвик за младите сопружници, а тоа многу добро го знаат Елена Алач и нејзиниот сопруг, кои заедно го осмислиле ентериерот на нивниот нов дом

28 СЕМЕЈНА ОАЗА ЗА УЖИВАЊЕ

Ви го претставуваме проектот за стан со површина од 110 м2 во Тетово, на младата архитектка Ивана Лазаровска, чија цел била да создаде простор за дом што, освен функционалност, ќе обезбеди услови за уживање на домашните

30 УЖИВАЊЕ ВО ПРОЦЕСОТ

Убаво уредените домови отсекогаш ја фасцинирале Магдалена Велевска, која одвај чекала да има свое катче што ќе го дотера по свој терк

32 СПОЈ НА ТРЕНДОВИ И КЛАСИКА

Ахроматскиот амбиент во овој простор е украсен со елементи во бои на сафир и смарагд, кои наедно претставуваат трендовски акценти во неокласицистичкото здание

УРЕДУВАЊЕ

42 ПОДОВИ

Основната причина зошто мора да бидат изработени од квалитетни, здрави и долготрајни материјали…

60 НЕОПХОДНИ ПРЕДМЕТИ ЗА СЕКОЈ ДОМ

Да се потсетиме на предметите што прават секој простор да биде функционален и убав!

74 НЕПРАВЕДНО ЗАПОСТАВЕН ДЕТАЉ

Во работите што ги купуваме последни, односно ги одложуваме до некоја подобра пригода верувајќи дека домот ќе ни изгледа дотерано и без нив, спаѓаат и корнизите

СОВЕТИ

66 НЕКА „ПОРАСНЕ“ КУЈНАТА

Кујната со каква било големина може да изгледа и да функционира како практичен простор. Предуслов е да се почитуваат одредени принципи, а кај оние помалите е потребно да се применат и некои дополнителни трикови

ИДЕИ И ПРЕДЛОЗИ

68 УРЕДУВАЊЕ МАЛА СПАЛНА СОБА

Блогерката Ники Брантмарк издвои неколку трика што можете да ги примените на уредување мала спална соба за да го постигнете „скандинавскиот ефект“

СОВЕТИ

78 СВЕТ ПОДРЕДЕН НА ИГРА И ЗАБАВА

Било да станува збор за одвоена просторија за игра или само за катче во рамките на детската соба или во некоја друга просторија, овие идеи ќе ви помогнат на своите љубимци да им обезбедите мало царство наменето исклучиво за забава

90 БАЊА ПО ВАША ЖЕЛБА

Било да е мала, средна или голема, бањата е просторија што изискува внимателно планирање за да ви овозможи удобно и безбедно користење

ДЕКОРАЦИЈА

86 ВО СВЕТОТ НА БОИТЕ

Научниците се согласуваат дека бојата е првото нешто што го регистрираме кога се среќаваме со нешто ново, а особено истакнуваат дека колоритот што нѐ опкружува многу влијае на нашето расположение и однесување

За сето ова, но и за многу повеќе, ќе имате можност да читате во новиот број на „Home Style by Убавина и здравје“, поддржано од „Brava Casa“!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.