Во продажба е новиот број на специјализираното списание за ентериери Home Style

А во него ќе читате...

Новиот број на списанието посветено на уредување на домот од вашите соништа е во продажба. Во Home Style се содржани најновите трендови и 50 идеи за уредување на просториите во вашиот дом, за декорации што ќе го трансфрмираат во катче од вашите сониште, a направивме и листа на најчестите стилови на уредување на ентериери, која може да ви послужи како насока.

Еве што уште ќе читате во новиот број наHome Style powerеd by Brava Casa:

АРХИТЕКТУРА

6 СПОЈ НА МОДЕРНОТО И ТРАДИЦИОНАЛНОТО

Во Ескишехир, град во северозападна Турција, неодамна е отворен музејот на модерната уметност „Одунпазари“, а изгледот на зградата е инспириран од локалната традиционална архитектура.

8 ИНСПИРИРАНО ОД ТРАДИЦИЈАТА

Неодамна е завршена изградбата на двојката кули во Кувајт. Зградите се истакнуваат со својата фасада од метални панели, чиј дизајн е инспириран од традиционалната арапска машрабија – орнаментална дрвена прозорска решетка

ПРОСТОР

10 НОВ ТИП РАБОТЕН ПРОСТОР

Во париски монмартр се отвори Велио – првата европска проработна мрежа во Европа со работен простор што претставува совршено избалансиран микс на формални канцеларии и простории за соработка.

ДИЗАЈН

12 КИНЕСКОТО СЛИКАРСТВО ПРЕТВОРЕНО ВО МЕБЕЛ

Кинеското сликарство со мастило е дел од повеќевековната традиција во оваа далекоисточна земја, а на тајландскиот дизајнер му послужило како инспирација за колекција на мебел со необични форми, создаден со древна постапка на леење метал.

ОД СВЕТОТ

14 ЖИВОТ ВО МИКРОСТАНОВИ

Постојаниот прилив на жители во големите градови доведува до трендот на т.н. микростанови – станбени единици со минимална површина, кои, главно благодарение на неверојатната снаодливост во користењето на просторот, ги опфаќаат сите потребни функционални единици.

ЕНТЕРИЕР

18 МОДЕРЕН + ШАБИ-ШИК

Модерниот стил од средината на 20 век и шаби-шик се два многу популарни стилови во уредувањето на внатрешниот простор, тие ретко се гледаат во ист простор, но го прават овој ентериер многу освежувачки …

24 ДУПЛЕКС ЗА ЕДЕН ЧОВЕК

Дуплексот за едно лице во поткровјето на една стара зграда во југоисточниот дел на Москвапретставува простор во кој ќе биде зачуван духот на епохата во која е создадена зградата, но без да се оптоваруваат нејзините стилски карактеристики.

28 ЛУКСУЗЕН СПОЈ НА МОДЕРНОТО И КЛАСИЧНОТО

Пријатните простори што пленат со својата оригиналност, изобилство на внимателно одбрани детали, складни бои, топлина и уникатна комплексност на елементите се сон на сите љубители на комфорниот луксуз. Дизајнерката на ентериер Нена Ристова преку еден од своите омилени проекти ни покажа како изгледа модерниот ентериер со примеси од класични елементи.

32 ФАНТАСТ ИЧНА ИГРА СО КОНТРАСТИ

Светло-темно, грубо-мазно, топло-ладно… Ефектните контрасти му дале впечатлив карактер на овој, во суштина, едноставно уреден пентхаус, чиј дизајн е потпишан од „Блекхаус Керол Цеплински архитект“.

УРЕДУВАЊЕ

38 СТИЛОВИ

Направивме листа на најчестите стилови на уредување на ентериери, која може да ви послужи како насока, но ако не сакате да се „заробите“ во еден стил, секогаш имате можност да комбинирате два или повеќе, а резултатот може да биде многу персонализиран ентериер.

74 НАПРАВЕТЕ ГО СВОЈОТ ДОМ ЕЛЕГАНТЕН

Вашиот дом е местото во кое се повлекувате на крајот од секој ден. Тоа е вашиот замок, место каде што поминувате најмногу време и уживате со семејството. Ваш „безбеден простор“ и затоа треба да го направите што е можно поубав и попривлечен.

СОВЕТИ

58 КУЈНА ВО СИНО

Промената на бојата е идеален начин да внесете измени во својот животен простор, а сината носи вистинско освежување во секоја просторија. Овој пат се занимававме со кујната и со идеи како да ја разубавите со својата омилена сина нијанса.

ИДЕИ И ПРЕДЛОЗИ

41 ПЕДЕСЕТ ИДЕИ

Во претстојната сезона, покрај уживањето во различните свечености во кругот на семејството и драгите пријатели, сигурно ќе почнете да размислувате за адаптирање и реновирање на својот дом. Доколку ви требаат идеи, ние секогаш сме тука да ви помогнеме. Ви претставуваме 50 идеи за уредување на просториите во вашиот дом.

68 ПОИГРУВАЊЕ СО ГЕОМЕТРИСКИ ФОРМИ

За применета геометрија не мора да бидете генијален математичар. Тапет со геометриски принт, одредени додатоци и пастелни тонови се основа за добро уреден простор!

90 ВИСТИНСКОТО МЕСТО ЗА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ

Неопходна во домот, но во повеќето случаи многу е тешко да се вклопи во станбениот простор. Неколку идеи за поставување на машината за перење.

Текст и фото: Home Style

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.