Внесете топлина во вашиот дом: Совети за уредување на спалната соба во бохо-стил

Минималистички трендови

Кога е во прашање дизајнот на ентериер, сè помалку се застапени минималистичките трендови, а во фокус се ставаат ретро мотивите кои придонесуваат за топлата атмосфера на животниот простор.

Со тоа се актуелни и бохо елементите, посебно во ова доба од годината кога зимата полека го најавува своето доаѓање.

Во продолжение, погледнете неколку совети како можете да ја декорирате својата спална соба во бохо стил и со тоа да внесете топлина во домот.

Украсни перничиња со реси и перуански огледала

Шарените перничиња со реси совршено се вклопуваат во секој бохо амбиент, па така можат да го пронајдат своето место и во вашата спална соба, како украс на креветот или ставени на подот.

Огледалата се задолжителен елемент од ваквиот тип на уредување на ентериерот – дизајнерите предлагаат рачно изработени перуански огледала кои одлично ќе се вклопат со остатокот од бохо декорот.

Дрвена масичка и плетена трска

Бохо стилот се одликува со природни елементи и материјали, па така дрвените парчиња мебел во вашата спална соба се неопходни за комплетирање на овој изглед.

Плетената трска во основна или некоја друга боја, како уште еден потполно природен материјал, може да биде вашиот избор за наслон на креветот во спалната соба или да послужи како материјал за фотелја.

Килими

Килимите одлично се вклопуваат во бохо амбиентот. Од волна, со реси и шарени дезени – тие се одличен детаљ кој внесува топлина во секоја просторија.

Висечки саксии и лулашка

Со цел дополнително да ја нагласите вашата спална соба, вметнете саксии со билки – тие се составен дел од секој бохо амбиент, а кога сме веќе на тема “висечки детали”, одлично би се вклопила и една лулашка која би можела да биде ваше катче за одмор и релаксација.

Шарена постелнина и позлатени детали

Одберете постелнина со оние нијанси кои се типични за овој декор стил – тиркизна, индиго или црвена боја.

Деталите во златна боја одлично се сложуваат со ваквиот ентериер. Тоа може да биде некој украс на ѕидот или саксии и вазни во афро стил.

Фото: Пинтерест
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време