Внесете ја убавината на есента во вашиот дом

Совети за декорации

Иако повеќето од нас есента ги асоцира на дожд и облаци немојте да ги заборавите убавините кои таа ни ги носи. Затоа денес ќе ве потсетиме како на неколку начини можете тоа богатство на бои, мириси и вкусови да го внесете во вашиот дом. Најдобро од се е што не ви се потребни многу пари, а ова е совршена активност во која може да ги вклучите и вашите деца.

 

1. Играјте си со боите

Богатството на боите е една од првите асоцијации за есента, само потсетете се на вашата последна прошетка низ парк и сите тие листови во прекрасни бои. Па затоа оваа топла атмосфера од кафена, црвена и жолта боја пренесете ја во својот дом на едноставен начин.

Побарајте низ плакарите и оставите перничиња, прекривки, украсни свеќи и саксии со есенските бои и препуштете и се на вашата креативност. Сите овие детали ќе внесат топлина и ќе ја разбијат монотонијата која ја имате.

2. Мирисите на есента во домот

Нашите баби некогаш држеа зрели дуњи на орманот за домот да мириса слатко и пријатно. Денес наместо дуњи користиме разни вештачки ароми и освежувачи, но ако сакате автентичен мирис обидете се да искористите некој од старите трикови.

Убав украс на масата може да биде украсен тањир или корпа полна со зрело сезонско овошје. Плус домашните во секој момент ќе можат да земете некој од тие плодови и да внесат во своето тело витамини.

3. Осветлете го просторот на нов начин

Ново осветлување е одлична идеја за есенско уредување на домот. Кога есента ќе пристигне сонцето заоѓа порано, деновите се кратки и немаме доволно природна светлина во домот.

Целосно нова атмосфера ќе добиете ако ставите подни или ѕидни ламби со кои можете да ја одредувате јачината на осветлувањето.

4. Разубавете ги прозорите со завеси

Новите декоративни завеси ќе внесат огромна новина и ќе го освежат целосно просторот.

Плус ќе го спречат ладниот есенски воздух да влегува преку прозорите.

Ако во моментов не сте во можност да купувате нови завеси, само преместете ги завесите од една во друга просторија и тоа ќе биде доволна промена.

Без разлика на кој начин на есенско уредување ќе се одлучите важно е само да ја ослободите фантазијата и да уживате со саканите во овој проект кој веруваме ќе ве исполни со среќа и задоволство

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.