Три причини зошто клима-уредот е најдобар за загревање во зима

Сериозно решение - Голема ефикасност и исплатливост

Во период каде промените во времето се целосно неочекувани, и загадувањето во цела Македонија полека станува секојдневие клучно е да го загреете, но и прочистите домот. Инвертер климите се најсериозното решение на овие предизвици. Секогаш ќе се размислувате за нивната ефикасност и исплатливост. Но, еве ви неколку причини зошто треба да имате инвертер клима во зима:

Ја отстранува влагата од воздухот

Многумина од нас во текот на зимата ги користиме внатрешните простории за да ги исушиме алиштата. Често и без нив, се создава влага во самата соба. Климата помага во минимизирање на таа влага и со тоа го намалува ризикот од создавање на инфекции и болести. Покрај ова, го одржува самиот апарат во живот. Со редовно користење, наместо сезонско, се зголемува работниот век на климата.

Го прочистува воздухот

На страна фактот што воздухот во повеќето градови во Македонија е загаден, инвертер климата ја има можноста да го прочисти и од болести. Во зима најчесто ги држиме нашите прозорци и врати затворени. Малото проветрување, тоа што воздухот не ротира и што не можеш да отвориш затоа што внатре ќе влезат уште поштетни честички се создава совршен простор за бактерии и вируси. Некои велат дека гриповите најмногу се развиваат во овие средини. Со користење на инвертер клима развојот на овие болести се намалува, а воедно и се прочистува самиот
воздух од штетните материи. Само треба да припазите на чистење на самите филтри.

Ја загрева просторијата

И најважно, инвертер климата ја загрева просторијата. Некогаш може да биде поголема инвестиција ама носи многу повеќе предности од класичните можности за загревање.

Идеални клими за вашиот дом можете да најдете во „Клима – Комерц“. Освен клими уреди тие нудар и калорифери, опрема за греење, вентилатори… Нивата локација е ул. М.Т. Гологанов број 72, Скопје, а телефонските броеви за контакт се 02/3074-140 и 075/219-725. 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.