Три комбинации на бои кои ќе го освежат вашиот дом

Експериментирајте со ентериерот

Фото: Пинтерест

Црна и бела боја, жолта и сина, сива и речиси секоја друга нијанса … Во светот на палетите постојат комбинации кои се секогаш сигурна опција.

Секако, тие заслужено ја носат титулата на безвременски и вечни класици, но тоа не значи дека не треба да експериментирате во изгледот на вашиот ентериер.

Во моментите кога сакате нешто поинакво, ви препорачуваме да ги испробате следниве три комбинации на бои кои во целост ќе го освежат изгледот на вашиот дом.

Портколова и валкано сина боја

Сигурно знаете дека сината и портокаловата боја се две комплементарни бои, но доколку ја промените нијансата на едната боја (изберете посветла или потемна боја), тие ќе изгледаат совршено заедно. Затоа валкано или бледо сината во комбинација со портокаловата одлично ќе се вклопат во секоја просторија.

Бебешко сина и маслинесто зелена боја 

Овие две нијанси можеби се наоѓаат на иста страна на палетата, но кога ќе се спојат тие даваат неверојатно поинаков изглед. Изберете светла и нежно сина нијанса која ќе внесе забавна нота во длабоката и богато маслинеста зелена боја. Вашите простории во овие нијанси ќе изгледаат едноставно елегантно.

Тиркизна и цитрусно зелена боја 

Последната комбинација на бои е одлична за секоја личност која сака да внесе доза на забава во ентериерот. Идеални за детска соба или трпезарија, овие две бои ќе ги воодушеват сите кои ќе влезат во вашиот дом. Можете да ги комбинирате во вид на дезен, детали или мебел – ефектот е неверојатен.

Фото: Пинтерест
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.