Тениската ѕвезда Марија Шарапова го покажа домот во Лос Анџелес

На три ката со поглед на море

Фото: Architectural Digest

Марија Шарапова гордо го покажа својот дом во Лос Анџелес и кажа дека била опседната во текот на целиот процес на дизајнирање и градење на нејзиниот дом.

Тениската ѕвезда била вклучена во секој чекор на создавање на единствениот имот, а била толку многу опседната што веднаш по враќањето од меѓународниот турнир го посетила градилиштето или уредот на архитектот.

Куќата на три ката има прекрасен поглед на море од Палос Вердес до Малибу, особено од нејзината главна спална соба и бањата. Нејзиниот дом кој ја краси насловната страна на изданието „Architectural Digest“, може да се пофали и со голем базен, огромен простор за забава како и куглана.

Но и покрај луксузните детали во куќата, убавата тенисерка рекла дека сакала да го задржи минималистичкиот сјај која се одразува на мебелот и во изборот на боите.

Ме инспирираше јапонската архитектура и естетскиот минимализам“ , изјавила 32-годишната Русинка.

Не пораснав со многу работи околу себе. За мене уредното воедно е и здраво. Доколку нешто не користите тогаш тоа не ви е потребно“ , додала таа па потоа заклучил: „Патував по целиот свет и уживав во неверојатни простори. Но, мојот дом е апсолутен фаворит. Мислам дека така требаше да биде“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.