Современа колекција на тапети за разигран простор

Впечатливи дизајни за нов изглед на домот

Дизајнерката од Милано, Селена Конфалониери, неидамна претставила трио од нови тапети, за италијанскиот бренд „Wall&deco“.

Како дел од нивната колекција – Contemporary Cоlleciton 2019, која официјално е лансирана за време на „Maison & Objet“, овие дизајни се впечатливи, но не премногу, а поседуваат интересни дезени, кои ќе ве наведат да се загледате во нив и секој пат кога ќе ги погледнете да откриете нова димензија.

Од геометриски тонови, преку визуелно фасцинантни дезени кои потсетуваат на лавиринт, до топли, апстрактни дезени кои потсетуваат на есен, овие тапети се разликуваат во голема мера, но кога ги набљудувате како целина, со себе носат едно разиграно чувство.

Фото: Wall&deco
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.