Совети како да изберете соодветен клима уред

Работи кои мора да ги знаете

Употребата на клима уреди се повеќе е неопходност, особено за семејствата чијшто што членови се мали деца или пак повозрасни луѓе. Климатизацијата е потребна а дури се смета и за здрав начин за разладување на животниот и работниот простор. Клима уредите освен што имаат улога да ја постигнат совршената температура во просторот, тие во исто време ја намалуваат и влажноста на воздухот која што е подеднакво непријатна како и горештината.

Најважно од сé при купувањето клима уред е соодветниот избор што ќе ги исполнува карактеристиките и потребите прилагодени на домот или работниот простор.

Квадратурата на просторијата е основната појдовна точка на која што треба да се обрне особено внимание. Подеднакво важни параметри на кои што треба да се внимава се и термичката изолација на просторот, површината што ја опфаќаат прозорите, ориентацијата на просторот спрема страните на светот, но и функционалноста на истиот. Во однос на економичноста на уредот треба да се внимава на неговите функции како што се тајмерот, типот на уредот (обичен или инвертер) и енергетската класа. Доколку просторот за којшто е наменет клима уредот, сакате покрај ладење во лето, да го греете во зима, тогаш се препорачува климатизер со инвертер систем. И за крај, многу е важна пост-продажната поддршка, изразена преку гарантниот рок, брзата и уредна монтажа, обезбедениот сервис и резервните делови. 

Класата на енергетската ефикасност кај клима уредите е всушност потврда за квалитетот на уредот врз основа на неговата енергетска ефикасност, при што климатизерите преку потрошената енергија се делат на седум класи на енергетска ефикасност, идентификувани со букви од A до G (групата А ја сочинуваат енергетски најефикасните апарати).

Избор на место

Кога се избира местото за поставување на клима уредот, треба да се води грижа за оддалеченоста помеѓу внатрешната и надворешната единица. Пожелно е таа оддалеченост да биде што е можно помала, затоа што на тој начин се подобрува ефикасноста на самиот уред, а може во голема мера и да се заштеди на трошоците околу монтажата. Освен тоа, внатрешната единица треба да биде што е можно поблиску до извор на електрична енергија и насочена да не дува директно во присутните во просторијата.

Редовно одржување

Редовното одржување на клима уредите, во никој случај не смее да се изостави, затоа што е од големо значење за исправноста и правилното функционирање на уредот, но и за здравјето на корисниците. Сервисирањето на клима уредот треба да го врши овластен сервисер и истото подразбира проверка и дополнување на фреон, како и миење на внатрешната единица со дезинфекциско средство. Најдобар период за сервисирање на клима уредот е од март до јуни.

„Мепринг сервиси“ ви нудат најразличен избор на инвертер клима уреди по ваша мерка. Тие се официјален ексклузивен дистрибутер на Cooper&Hunter за Македонија. Повеќе информации за нивните услуги можете да најдете на 023090701 или на wwwcooperandhunter.mk.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.