Проширете ја палетата на бои со кои го декорирате вашиот дом. Можеби белата е пријатна и едноставна боја, меѓутоа нема ништо лошо ако и додадете малку контраст.
Размислете во кој дел од вашиот дом би сакале да додадете доза на мистериозност и испробајте една од следниве идеи.
Светлите тонови помешајте ги со црни – Белите ѕидови наспроти темен мебел изгледаат прекрасно. Темните перници, спротивни од светлиот мебел исто така може да бидат одлична декорација. Доколку црната боја е премногу темна за вашиот вкус, заменете ја со чоколадно кафена, а притоа ќе го добиете истиот ефект.
Затемнете го таванот – Малку чудно, но навистина штосно. Доколку имате големи прозорци и висок таван, светлината нема да се изгуби ако тој е малку потемен од останатите ѕидови.
Одберете темни парчиња мебел – Доколку ви се чини дека дневната соба е малку монотона и еднолична, одберете темен мебел кој одлично оди со неутрални тонови.
Потемен под од вообичаено – Еден од најлесните начини како да затемните некоја соба во вашиот дом е да додадете темен ламинат или паркет. Одлична декорација за ходникот, трпезаријата и дневната соба.
Ви се допаѓаат ли комбинациите?
Важно: Во „Лав Комерц“ можете да најдете секаков вид на ламинати и паркет, „Лав Комерц“ е фамилијарна компанија која постои повеќе од 22 години и создава модерен стил и автентична атмосфера во секој простор. Продажба и монтажа на секаков вид подови од најдобрите светски брендови. Најголем избор и количина на лагер, секогаш флексибилни со цена и висококвалитетна монтажа со сертифицирани монтери. Повеќе информации можете да најдете на телефонскиот број 02 30 74 278, 034 349 419 или на lavkomerc.mk
Фото: Фејсбук, Лав Комерц официјална страница