Штосни предлози како да креирате ѕид со слики во дневната соба
За да додадете живост на ѕидовите и да внесете динамика во просторот доволно е да земете чекан и шајки во раце и да креирате мала галерија на вашиот ѕид. На ѕидот може да додадете омилени фото спомени, интересни илустрации, уметнички слики или микс од сето ова наведено, ако сте неодлучни.
Како да ги изберете фотографиите, рамките и бројот на сликите за ѕид?
Одговорот се крие во големината на ѕидот, стилот на уредување кој преовладува во просторот и вашиот карактер. При изборот на фотографии кои че ги додадете на ѕидот гледајте да има некеква поврзаност-премногу стилови ќе делуваат неповрзани. Ако вашиот стан е уреден во минималистички стил – бирајте семејни фотографии во црно бела боја и илустрации, додека пак во модерно уреден стан одлично би с вклопиле златните рамки и готографии со неколку бои на себе.
Некои бои што сте ги одбрале нека се повторуваат на ѕидот и така ќе направат некаква поврзаност. Кога се во прашање рамките играјте си со нивните големини. Црната рамка нагласок става на содржината на сликата, додека бак рамката во боја ви ги краде погледите.