Шест стилски интересни начини како да го освежите ѕидот во дневната соба

Совети

Белите ѕидови во ентериерот делуваат прозрачно и елегантно, а за да им додадете дополнителен шарм, доволно е само неколку потези со четката или некои примамливи детали.

Иако уредувањето на празниот ѕид делува предизвикувачки, со малку креативност и инспирација ќе го претворите во најзабавниот ентериер проект.

Во продолжение, ова се шест трикови на креативци чии ентериери ги украле симпатиите на социјалните мрежи:

Ѕид во боја

За да ја разбиете монотонијата во просторот и да го насочите вниманието кон само еден дел од дневната соба, обојте го ѕидот во нијанса која ќе биде во согласност со остатокот од ентериерот. Сивата е најчест избор, но можете да одберете и розови нијанси, нијанса на праска…

Огледало како “стејтмент” детаљ

Важноста на огледалото ја препознале бројни дизајнери на ентериер кои покрај неговата функционална намена, утврдиле дека тоа има и моќ визуелно да го зголемува просторот и да ги осветлува темните простории.

Мноштво интересни илустрации и фотографии

Интересните илустрации секојдневно ќе ви изнудуваат насмевка на лицето, но и ќе му дадат топлина и посебна нота на ентериерот. Освен тоа, со ваквите детали ќе ја искажете вашата љубов кон уметноста.

Полица исполнета со собни билки

Билките ќе го освежат просторот, ќе ви го подобрат расположението и ќе ве опуштат. За да креирате урбана џунгла во домот, одберете собни билки кои не бараат преголема грижа како сукуленти и ползавци.

Ѕид од цигли

Ѕидот од цигли ќе внесе дополнителна динамичност во просторот и претставува едно ново ниво во уредување на домот, за разлика од вообичаените бели ѕидови.

Тапети

Тапетите се декоративен елемент кој дополнително ќе го нагласи шармот и убавината на просторот во кој се наоѓате.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.