Шест невистини за перењето алишта

WaveActive машините за перење од Gorenje се направени за да се стави крај на валканата работа на ефективен, лесен и еколошки начин.

Ако мислевте дека студената вода не може да ги испере алиштата, или дека сортирањето на алиштата пред перење не е потребно, тогаш време е да откриеме неколку митови за перењето алишта

Иако перењето алишта и не е некоја филозофија, многу пати се наоѓаме во ситуација да ги ставиме валканите алишта во машина и да размислуваме кој е најдобриот начин за перење.

6-nevistini-za-perenjeto-alista

Ако мислевте дека студената вода не може да ги испере алиштата, или дека сортирањето на алиштата пред перење не е потребно, тогаш време е да откриеме неколку митови за перењето алишта.

Ако облеката е многу валкана треба да се стави повеќе детергент

Дефинитивно најголемиот мит со кој се постигнува спротивен ефект. Ако на вашите алишта им додадете повеќе детергент, од препорачаното, програмот кој сте го одбрале не може да го испере целиот детергент, а тоа може да ја оштети облеката и да предизвика алергиски реакции на вашата кожа. Придржувајте се до правилата истакнати на детергентот или машината за алишта.

Облеката не може добро да се испере во студена вода

Станува збор за невистина. Детергентите за перење подеднакво се раствораат и функционираат во студена и топла вода. Некои материјали никогаш не смее да се перат во топла вода, но сепак можете успешно да ги исперете. Крпите, чорапите и долната облека треба да се перат во топла вода.

Облеката се собира при перењето

Ако станува збор за чувствителни материјали како што е волната која треба да се пере според посебни упатства, облеката нема да се собере при перењето, туку при сушењето. Избегнувајте го пресушувањето на облеката. Користете пократки програми за сушење, а ако ја сушите облеката покрај радијатор или печка, немојте да ја оставите да се пресуши.

Не треба да се раздвојува облеката пред да се пере

Немојте да се ослонувате на разните средства и марамчиња за впивање на боите бидејќи можете да зажалите. Раздвојувањето на облеката не е старомоден совет, туку функционалност која постои со причина. Раздвојувајте ја облеката на бела, црна и шарена и ќе го избегнете разочарувањето поради обојување на омилената маица.

На избледените фармерки им нема спас

Обидете се на старите избледени фармерки да им ја вратите бојата со перење во машина. Исперете ги заедно старите и новите фармерки и во машината додајте два грста сол. Вишокот боја од новите фармерки може делумно да помине на старите.

Крпите може да бидат меки само со употреба на омекнувач

Уште една невистина. Омекнувачот за алишта секако дека ќе ги омекне крпите, но исто така може д аги направи премногу меки што ќе резултира со помалку впивање и непријатен мирис на влага затоа што поспоро ќе се сушат. Со крпите, во машината додајте две чисти тениски топчиња или малку оцет и вообичаениот детергент и вашите крпи ќе бидат меки и без омекнувач.

WaveActive машините за перење од Gorenje се направени за да се стави крај на валканата работа на ефективен, лесен и еколошки начин.
WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.

Сите WaveActive машини за перење алишта ги исполнуваат најстрогите стандарди за заштита на животната средина и можат да се пофалат со исклучителна енергетска ефикасност до A ++ + -50 проценти.

 

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време