Шест грешки кои речиси сите ги прават при купување стан

Водич за избор на идеален дом

За повеќето луѓе купувањето стан или куќа е најголемата инвестиција во животот, а многумина од нив цел живот потоа плаќаат за тоа. Затоа е најважно добро да го изберете станот кој ќе го купите. Во спротивно, лошото купување ќе остави катастрофални последици и на вашиот буџет, но и на квалитетот на живот. Пред да се одлучите да купите стан, битно е да ги избегнете грешките кои ги прават најголем дел од луѓето. Еве кои грешки не треба да ги направите:

Сте ангажирале погрешен агент 

Само затоа што вашата сестра, брат или мајка познава некој агент кој штотуку се вработил на таа позиција, па му треба некој клиент, тоа не е причина дека треба да го ангажирате при купувањето на нешто толку битно. Доколку се одлучите за агент, битно е да проверите и да се уверите дека тоа му е единствената работа и дека добро ја познава областа во која работи.

Пребрзо донесувате одлука

Пред да донесете конечна одлука за купување недвижнина, важно е темелно да ја проверите можноста за исплаќање, како што е износот кој ќе го плаќате ако земете кредит, и да пресметате дали можете да си го дозволите тоа.

Не ја растегнувајте својата платежна способност

Добро пресметајте колкава рата месечно можете да плаќате, и никогаш немојте да одите до максимумот. Работата можете да ја изгубите во секој момент, а со тоа и ќе имате проблем со плаќањето на месечните рати. Нормално, има и дополнителни трошоци на кои треба да сметате, а кои се појавуваат дури кога ќе се вселите во новиот дом. Можеби ќе треба нешто да поправите или да купите.

Не ги слушајте советите од другите кои немаат искуство на тоа поле

Совети од луѓе кои никогаш не купиле стан или барем не во скоро време, навистина нема да ви бидат корисни. Освен што не ги знаат моменталните услови на пазарот на недвижнини, а ни цените, само дополнително ќе ви ја отежнат работата.


Донесете архитект или познаник кој се разбира во техничките карактеристики на станот
Кога веќе ќе дадете толку пари за купување на куќа или стан, или доживотно ќе се задолжите, добро е да знаете што точно купувате.

Не се ограничувајте

При купување недвижнини важно е да бидете отворени за сите можности и добро да го истражите теренот и што се нуди на него. Немојте да се ограничувате само на еден стан. Изберете неколку потенцијално добри станови и одредете го максималниот износ до кој можете да одите.

 

 

Доколку се уште размислувате каде да купите стан и се двоумете, вашата нова адреса нека биде Атриа. Атриа во моментов е во изградба и е објект во кој ќе биде внесен микро еко-систем со внесување на зеленило во самата зграда. Средишните простори ќе бидат отворени со атриум и ќе имаат стаклен кров како извор на природна светлина. Објектот ќе биде збогатен со зелени градини по целата висина на внатрешниот простор, кои ќе му дадат една убава форма, а на станарите ќе им дадат чувство на живот во природа. Овие зелени градини се предвидени за заедничка употреба со што ќе го подобрат социјалниот живот во објектот. За сите кои сакаат да купат стан, Фабрика Карпош има договорено поволни кредити со голем број на банки. За повеќе информации контактирајте ги на +38970373815 или на официјалната Фејсбук страница- Фабрика Карпош.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.